Четврт Форум во Дебар Испечати Е-пошта
14.11.2009.
Четвртата форумска сесија во Дебар, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 12 ноември, во ресторанот “Пенестија“.  Буџетскиот форум, на оваа сесија, дискутираше за развојните програми и проекти во буџетот на општината за 2010 година, како и препораките и предлозите на учесниците за развојните програми на буџетот.
 Сесијата опфати презентација на капиталните проекти и развојните програми на општината, програма по програма, што ги презентираше претставник на секторот за финансии од општинската администрација.
 Меѓу приоритетите посочени од жителите на Дебар, кои се бираа согласно работните маси, беше поставување на електронски водомери, систем за наводнување, булеварот “Илирија“, градското корзо, патот за село Бомов и други.
 Присутните формираа и Работна група за подготовка на извештај од предлозите и препораките на граѓаните, со цел да го достави до општинската комисија за буџет која треба да ги земе предвид при расправата за буџетот за наредната година.
 Вкупниот буџет на Програмата за општина Дебар, во оваа фаза, изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество во општината, а шест милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
 Буџетскиот форум подразбира дискусии и предлози за распределба на буџетските средства во општината, и освен во Дебар, се одржува и во Струмица и Берово.
 Трите општини се дел од третиот циклус на втората фаза од Програмата, што опфати уште девет општини – Могила-Новаци, Радовиш-Конче, Боговиње, Крушево, Гостивар, Аеродром и Македнски Брод.
 
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA