Насловна
Предлог-решенија во Крушево Испечати Е-пошта
25.01.2010.
krushevo-treta_sesija.jpgТретата форумска сесија, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 25 ноември во Пензионерскиот дом во Крушево, во присуство на 95 жители на општината.

 Работните групи изведоа четири презентации при што со слики, слајдови и описи на проблемите беа анализирани приоритетните прашања во рамки на четирите групите-проблеми дефинирани на вториот Форум.
 Презентациите се однесуваа на “Несоодветно собирање на отпадот, диви депонии и ниска еколошка свест“, „Водоснабдување и одвод на отпадни води“, „Урбана инфраструктура“ и „Изградба и реконструкција на патната инфраструктура“.
 Првата група истакна дека на туристичко место како Крушево не му доликува да има дива депонија која е видлива од сите страни и го нарушува угледот на градот. Немањето ниту едно возило за собирање и транспорт на сметот е исто така голем проблем.
 Претставник на втората група говореше за проблемот со достапност на водата во Крушево кој е многу сериозен и покрај тоа што Крушево и неговата околина имаат голем воден потенцијал.
 Третата група ги анализираше проблемите од урбаната инфраструктура кои беа посочени од граѓаните, а пред се пазарот и плоштад со паркинг.
 Претставник на четвртата група посочи повеќе улици во градот кои се најкритични и чија реконструкција е приоритетна, како што се “Таќа Бербер“, “Мише Ефтим“, “Ќиро Фетак“, “Илинденска“. Нерешениот проблем со улиците во градот остава грда слика не само за жителите туку и туристите кои доаѓаат во Крушево, беше посочено на презентацијата.
 Сесијата посочи вкупно пет предлог-решенија согласно коишто се формираа работни групи што ќе ги изработуваат предлог-концептите.
Утврдените предлог-решенија се Третман на отпадот во општина Крушево, Решавање на проблемот со полските патишта во с. Бучин,  Реконструкција на улиците „Таќи Берберот“, „Мише Ефтим“ и „Ќиро Фетак“, Асфалтирање на улицата „Ќиро Фетак“ во Крушево и Изградба на градски пазар во Крушево.
 Вкупниот буџет на Програмата за општина Крушево изнесува четири милиони денари, од кои еден милион денари се учество на општината, а три милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA