Четврта сесија во Берово Испечати Е-пошта
6.11.2009.
Вкупно 99 жители присуствуваа на четвртата форумска сесија што на 4 ноември се одржа во ресторанот Ловен Дом, во Берово, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“.  Сесијата опфати разгледување на четири видови на расходи по надлежност по што присутните предлагаа приоритети што би се реализирале од општинскиот буџет наредната година. Тоа беа предлозите во однос на комунални дејности и заштита на животната средина, расходите во надлежноста за образование и култура, расходите в однос на економскиот развој и за социјала и спорт.
 Презентациите беа подготвени од претставници на општинската администрација од Берово, по што учесниците утврдуваа приоритети – за образование и култура беа посочени 24 предлози, меѓу кои реконструкција на кино-салата и парно во Дом на културата, зголемување на книжниот фонд во градската библиотека, отворање на регионално радио во општина Берово, санација на училиштето во село Мачево, промена на кровната конструкција во ОУ во с.Двориште и друго.
 Предложените приоритети на граѓаните за социјала и спорт беа сумирани во три групи – анимирање на спортот преку формирање формални групи, изградба на спортски објекти и изградба на дом за стари лица.
 Учесниците, во рамки на расходите по надлежност за економски развој, утврдија 22 предложени приоритети, меѓу кои изградба на инфраструктурни објекти до инсутриската зона, изградба на етно-парк, изградба на меморијален центар и промоција на Петлец-Русиново, кино сала-мултинаменска сала и друго.
 Буџетскиот форум за прв пат се одржува во Берово, и во уште две општини – Дебар и Струмица, и подразбира дискусии и предлози за распределба на буџетските средсва во општината. Вкупниот буџет за општина Берово изнесува осум милиони денари од кои два милиони се учество на општината и шест милиони донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
 
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA