Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Берово
Беровчани за уредување на плоштадот Димитар Беровски | Беровчани за уредување на плоштадот Димитар Беровски |
|
|
| 20.11.2009. | |
|
Партерно уредување на централното градско подрачје-Плоштад Димитар Беровски е проектот што го избраа жителите на Берово, на петтата форумска сесија што се одржа на 18 ноември, во ресторанот Ловен Дом.
Вкупно 82 жители на општината, најпрвин, избраа програма од вкупно пет колку што презентираше претставникот на општинската администрација – за енергетска ефикасност, за урбанистички планови, за локален развој и меѓународна соработка, за изградба и реконструкција на локални улици и патишта и за уредување на градежно земјиште. Граѓаните на Берово, со 30 гласа, се решија за програмата Уредување на градежно земјиште, во чии рамки беше избраниот проект вреден девет милиони и 300 илјади денари. Буџетот за општина Берово изнесува осум милиони денари, од кои два милиони се учество на општината, а шест милиони донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Градоначалникот на Берово Драги Наџински се обврза општината да ги обезбеди дополнителните еден милион и 300 илјади денари за реализација на проектот. Тој им го честита изборот на присутните граѓани и посочи дека општинската администрација веднаш ќе започне со процесот на имплементација. Приоритетите кои ги предложија граѓаните на форумските сесии, а кои се вклучени во годишните програми на општината за наредната година, се во рамки на предлозите за уредување на градежното земјиште (капитални проекти), изградба на систем за водоснабдување, одведување и пречистување на атмосферски води, одржување и реконструкција на основни училишта и детски градинки, енергетска ефикасност и урбанистичка докуемнтација вон населено место. Буџетските форуми, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, подразбираат дискусии и предлози за распределба на буџетските средства во општината. Освен во Берово, буџетски форуми во оваа фаза се одржуваат и во Струмица и Дебар. |
| < Претходно | Следно > |
|---|