Насловна
Дефинирање на проблемите во Радовиш-Конче Испечати Е-пошта
7.11.2009.
Вкупно 103 жители на Радовиш и Конче присуствуваа на втората форумска сесија што се одржа на 5 ноември во ресторанот “Шампион“, во општина Радовиш.  Утврдување на проблемите, согласно темата “Водоснабдување и отпадни води“ што ја избраа жителите на двете општини на првиот Форум, беше тема на оваа сесија.
 Идентификацијата на проблемите ја утврдија работните маси со усогласување на три приоритетни проблеми, при што се формираа две групи на проблеми – “Водоснабдување“ и “Колекторски системи и третман на отпадни води“.
 Првата група опфаќа, меѓу другото, недостиг на вода во општините Радовиш и Конче, слаб квалитет на вода, обезбедување на довод за населените места Штурово и Смиланци, уредување на градскиот парк, локација-Панорама и застареност на водоводната мрежа.
 Втората група на проблеми содржи, меѓу другото, застарена мрежа за отпадни води, недостаток на канализација во с.Воиславци, недостаток на прочистителна станица во општините Радовиш и Конче и проблем со атмосферките води, пороите – поврзани околу езерото Мантово.
 Сесијата формираше и групи за теренско истражување и анализа на проблемите.
 Вкупниот буџет на програмата “Форуми во заедницата“ за општините Радовиш и Конче изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината и шест милиони донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
 Меѓуопштинскиот форум, чија основна карактеристика е заедничка дискусија за решавање на проблемите во две општини, во оваа фаза, освен во овие општини се одржува и во општините Могила и Новаци.
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA