|
Трета сесија во Радовиш-Конче |
|
|
|
5.12.2009. |
|
Вкупно 97 жители од општините Радовиш и Конче присуствуваа на третата форумска сесија што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 3 декември во ОУ “Гоце Делчев“ во општина Конче.
Учесниците, освен презентациите на работните групи, дискутираа и предлагаа решенија за проблемите утврдени согласно темата. Во рамки на секоја работна група беа утврдени неколку предлог-решенија, проектни идеи и препораки.
Презентациите се однесуваа на “Недостаток на доволна количина квалитетна вода за пиење во општините Радовиш и Конче“, “Недоволна свест кај населението на општинита Радовиш и Конче за соодветно трошење на водата“, “Недоволен капацитет и дотраеност на канализациската мрежа во општините Радовиш и Конче“ и “Недостаток на колекторски системи за отпадните води во руралните средини во општините Радовиш и Конче“.
Се формираа четири работни групи согласно групите на решенија – Недоволна свест при користење на вода, Недостаток на доволна количина квалитетна вода за пиење, Недостаток на колекторски системи за отпадни води и Недоволен капацитет и дотраеност на канализационата мрежа.
Вкупниот буџет на Програмата во општините Радовиш и Конче изнесува осум милиони денари од кои два милиони денари се учество на општината, а шест милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Програмата, освен во Радовиш-Конче, во оваа фаза се одвива и во Могила-Новаци, Берово, Дебар, Струмица, Боговиње, Крушево, Гостивар, Аеродром и Македонски Брод.
|