Тековни активности
Боговиње
Жителите на Боговиње за економски развој | Жителите на Боговиње за економски развој |
|
|
| 18.10.2009. | |
Околу 110 граѓани на Боговиње присуствуваа на првата форумска сесија што се одржа на 16 октомври, во ресторанот “Флоар“, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“.
Развој на економијата е темата што што жителите на Боговиње ја утврдија за приоритетна за подобрување на нивниот секојдневен живот од трите што ги предложи општината – Социјален развој и Еколошки развој.Потоа, сесијата ја утврди и структурата на Форумот односно се формираа 11 работни маси кои ги застапуваат своите интереси – образование, здравство, спорт/култура, бизнис, млади, земјоделство, инфраструктура, ИТ, општински советници, општинска администрација и неопределени. Според градоначалникот на општината Хазби Идризи, постојат неколку проекти во рамки на трите теми што општината сака да ги реализира, кои се однесуваат на промоција на општината, зголемување на вработеноста, поодобрување на инфраструктурата и друго. Тој изрази задоволство од програмата Форуми во заедницата, како можност во која граѓаните решаваат каде ќе се инвестираат општинските средства. Претставникот на АДИ, организација што ја спроведува Програмата во општина Боговиње, Шпенд Имери посочи на соработката со општините, за набљудувањето на процесот за децентрализација, како и поддршка на локалните иницијативи. Сесијата е прва од седумте Форуми во рамки на форумскиот процес, кој од октомври годинава се одржува во 12 општини низ Македонија, во рамки на третиот циклус од втората фаза општини вклучени во Програмата. Вкупниот буџет на Програмата во оваа општина изнесува шест милиони денари, од кои 4,5 милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), a 1,5 милиони денари средства на општината Боговиње. |
| < Претходно |
|---|