Тековни активности
Боговиње
Утврдување на проблемите во Боговиње | Утврдување на проблемите во Боговиње |
|
|
| 12.11.2009. | |
Втората форумска сесија, на која се идентификуваа приоритетните проблеми на жителите на Боговиње, се одржа на 10 ноември, во ресторанот “Елита“ во Камјане.
Вкупно три групи проблеми идентификуваа жителите на Боговиње – Инфраструктура, Образование и Екологија/Земјоделство.Ова се поттемите, од главната тема Локален економски развој, во чии рамки граѓаните формираа работни групи за истражување на теренот, а кои ќе ги изработуваат предлог-концептите за конкретни проекти. Инаку, поединечно, жителите посочија голем број на проблеми чие решавање сметаат дека би им го подобрил секојдневниот живот – изградба на патот кон село Камјане, општинска инфраструктура, изградба на тротоари, изградба на основното училиште во село Синичане, детска градинка, изградба на систем за наводнување, изградба на патот “Скендер бег“, изградна на центар за планински туризам итн. Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи ги посочи поттемите на локалниот економски развој, во рамки на општинските планови – развој на руралниот туризам, промоција на општината, зголемување на вработеноста и развој на општинската инфраструктура. Форумскиот процес содржи седум форумски сесии, во чии рамки граѓаните дискутираат, предлагаат решенија и ги конкретизираат активностите со кои го подобруваат секојдневниот живот. Демократскиот начин на гласање овозможува транспарентна и отчетна работа на општинската администрација, и утврдување каде ќе се користат општинските средства и донацијата на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Вкупниот буџет на Програмата во општина Боговиње изнесува шест милиони денари, од кои 4,5 милиони денари се донација на SDC и 1,5 милиони денари општински средства. |
| < Претходно | Следно > |
|---|