Насловна arrow Тековни активности arrow Боговиње arrow Утврдени предлог-решенија во Боговиње
Утврдени предлог-решенија во Боговиње Испечати Е-пошта
5.12.2009.
bogovinje-treta_sesija.jpgТретата форумска сесија во Боговиње, во рамки на програмата “Форми во заедницата“, се одржа на 2 декември во ресторанот Флоар во присуство на околу 80 учесници.  Претставниците на работните групи формирани на претходниот Форум имаа презентации во рамки на трите групи проблеми – екологија, инфраструктура и образование.
 Сесијата утврди седум предлог-решенија согласно кои се формираа работни групи - Изградба на тротоари, Централно греење, Реконструкција на О.У во Новосело, Санитарни чворови во село Раковец, Изградба на училиште во Синичан, ЈП "ШАР" и Реновирање на санитарните чворови.
 Учесниците на Форумот посочија приоритетни проблеми во својата општина, во рамки на секоја група - реконструкција на санитарните чворови во О.У. Лириа во Жеровјане, отстранување на дивите депонии, собирање на отпадоци во планинските места, поставување на водомери во село Камјане, изградба на основно училиштево село Синичан, изградба на детска градинка, инсталирање на централно греење во О.У Дервиш Цара и други.
 Вкупниот буџет на општина Боговиње изнесува шест милиони денари од кои 1,5 милиони се учество на општината и 4,5 милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
 Програмата, освен Боговиње, во оваа фаза опфати уште 11 општини – Берово, Дебар, Струмица, Могила-Новаци, Радовиш-Конче, Крушево, Гостивар, Аеродром и Македонски Брод.
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA