Насловна
Предлог-решенија на третата сесија Могила-Новаци Испечати Е-пошта
25.11.2009.

mogila_novaci-treta_sesija.jpgТретата форумска сесија, во присуство на 106 жители од општините Ногила и Новаци се одржа на 23 ноември, во ресторанот „Колта“ во село Могила.

 

 Целта на оваа сесија е посочување решенија на утврдените проблеми од втората сесија. Форумот, најпрвин, ги презентираше анализите подготвени од работните групи на вториот Форум по што се формираа нови работни групи што ќе работат на изработка на проектите.
 Сесијата понуди четири групи предлог-решенија, согласно проблемите и работните групи што се формираа на претходниот Форум.
 За првата група тоа се: набавки на канти за смет за секое домаќинство, на контејнер на јавни и фреквентни места, на возило ѓубретарка, на липкер, активирање на комунални претпријатија и наплата од населението.
 Втората група предлог-решенија содржат: чистење на депониите, дислоцирање на диви депонии, одредување на збирна депонија и одвојување на органски отпад и компостирање.
 Предлог-решенијата за третата група на проблеми се: селекција од другиот смет, иницијативи за арско ѓубриво, едукација на населението за одржување и ѓубрење и поактивен инспекторатот. Четвртата група предлог-решенија се однесуваат на кампањи, едукативни средби, дебати и трибини, работилници, печатен материјал и медиумска застапеност.
 Вкупниот буџет за општините Могила и Новаци изнесува осум милиони денари од кои два милиони денари се учетво на општинат и шест милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
 Програмата “Форуми во заедницата“, освен во Могила-Новаци, се одржува и во Берово, Дебар, Струмица, Радовиш-Конче, Боговиње, Крушево, Гостивар, Аеродорм и Македонски Брод.

 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA