Тековни активности
Македонски брод
Петта форумска сесија во Крушево | Петта форумска сесија во Крушево |
|
|
| 29.01.2010. | |
|
Околу 80 жители на Крушево присуствуваа на петтата форумска сесија што се одржа на 27 јануари, во пензионерскиот дом во Крушево. Вкупно пет предлог-проекти беа презентирани на сесијата, од кои жителите на општината треба да ги изберат најприоритетните за подобрување на секојдневниот живот.“Третман на отпадот во општина Крушево“ е предлог-проект со вкупен предлог-буџет од околу 60 илјади евра, од кои 48 илјади евра би биле наменети за ново возило специјализирано за собирање на смет, а 10 илјади евра за набавка на канти и контејнери. Специфична цел на предлог-проектот е ефикасно и економично собирање на цврстиот комунален отпад во општина Крушево. Спроведувач на проектот би била општината. Вториот предлог-проект е “Санација на полските патишта во с.Бучин“, со вкупен предлог-буџет од 450 до 500 илјади денари. Цели на проектот се посипување на полските патишта во должина од пет километри, и намалување на трошоците за производство кај земјоделците од с.Бучин. Носител на проектот, исто така би била општина Крушево. “Реконструкција на улиците Таќи Берберот, Мише Ефтим, Ќиро Фетак и Партизанска“, со вкупен предлог-буџет од четири милиони денари. Целта на овој предлог-проект е реконструкција на овие улици, чиј главен носител би бил општина Крушево. Четвртиот предлог-проект е насловен како “Асфалтирање на дел од улицата Нико Доага во Крушево со краци“, додека петиот предлог-проект се однесува на “Изградба на градски пазар во Крушево“. Овој предлог-проект има вкупен предлог-буџет од 14 милиони денари, а главен носител е општината Крушево. Целта е да се изгради нов пазар со здружување на проектниот фонд од Програмата со веќе доделени средства од Владата. |
| < Претходно | Следно > |
|---|