Насловна
Четврта сесија во Аеродром Испечати Е-пошта
1.02.2010.
petta_sesija-aerodrom.jpgОколу 130 жители на Аеродром присуствуваа на четвртата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 29 јануари во ОУ Ѓорѓија Пулевски, во општината.  Вкупно пет концепт-проекти се презентираа на сесијата – “Замена на прозорците и вратите во основните училишта Блаже Конески, Браќа Миладиновци, Гоце Делчев и во градинката Изворче во општина Аеродром“, “Поправка на подовите во училиштата Лазо Ангеловски, Ѓорѓија Пулевски и Љубен Лапе, и во градинката Пчелка 2“, “Подобрена опрема за поголемо знаење“, “Дворот е лицето на заедницата“ и “Изградба на спортски терени во училишните дворови на ПОУ Гоце Делчев во Долно Лисиче, ОУ Браќа Миладиновци во Аеродром и ОУ Димитар Македонски во Лисиче, и нивно амбиентално уредување“.
 Првиот концепт-проект им за цел обезбедување нормални услови за изведување на наставата во училиштата, како и заштеда на средства за топлинска енергија, со вкупен предлог-буџет од шест милиони денари.
 Вториот предлог-концепт се однесува, пред се, на репарација на подната подлога во училниците, и пополнување на длапките и дупките во училниците, ходниците и наставничките простории. Вкупниот предлог-буџет изнесува шест милиони денари.
 Предлог-концептот за подобра опрема има за цел подобрување на квалитетот на наставата, преку набавка на опрема и апарати, дистрибуција на опрема и апарати и едукација за користење и чување на опремата. Предлог-буџетот е пресметан на околу 45 илјади евра.
 Четвртиот концепт за предлог-проект има за цел хортикултурно уредување и реставрација на опремата во дворовите на училиштата и градинките, со вкупен предлог-буџет 35 илјади евра.
 Концептот за предлог-проектот за изградба на спортски терени претпоставува изградба на ново спортско игралиште, санирање и доизградба на спортско игралиште, поставување на спортски реквизити и амбиентално уредување на околината на игралиштата.
 Вкупниот предлог-буџет на овој концепт изнесува околу 40 илјади евра.
 
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA