Home arrow Announcements arrow Announcements archive arrow Оглас за имплементирачки организации
Оглас за имплементирачки организации Print E-mail
Tuesday, 04 December 2007
[shqip
Програмата „Форуми во заедницата“ поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, во соработка со ЗЕЛС објавува оглас за имплементирачки организации за спроведување на програмата во една од избраните општини во текот на 2008 година.
Програмата има за цел  да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии – форуми во заедницата и последователно спроведување на проектите од форумските сесии преку соодветен фонд на средства. Форумот претставува платформа за развој која има за цел:
             1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот со сопствените идеи и учество и
             2) администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на коешто ќе му се верува. 
Конкретните цели на Програмата „Форуми во заедницата“ се:
    -да ги вклучи граѓаните во локалното владеење;
    -создавање партнерства меѓу локалните засегнати страни;
    -подобрување на капацитетот на локалната заедница за развивање проекти;
    -подобрување на капацитетот на локалната администрација во однос на децентрализацијата;
    -конкретно подобрување на локалната социоекономска средина.

Право на учество имаат сите регистрирани непрофитни организации, фондации и консултантски куќи во Република Македонија (освен организациите кои ја спроведуваа пилот фазата – ФИООМ и ЦИРа) кои ќе ги исполнат условите на конкурсот.

Целосната апликација на англиски јазик заедно со упатството за пријавување и условите/критериумите треба да се преземе од веб-сајтот на ЗЕЛС или од веб-сајтот на Програмата „Форуми во заедницата“ .
 
Пополнетите пријави (на англиски јазик) и дополнителните документи треба да се достават по пошта на следната адреса:
    Програма „Форуми во заедницата“
    Единица за координација на форумите
    ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 39-2/1
    1000 Скопје

Рокот за пријавување е 25 декември 2007 година. За дополнителни информации јавете се на 070 340 773 (Кристина Хаџи-Василева).
 
< Prev


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA