Насловна arrow Тековни активности arrow Македонски брод arrow Четврта сесија во Македонски Брод
Четврта сесија во Македонски Брод Испечати Е-пошта
2.02.2010.
makedonski_brod-cetvrta_sesija.jpgОколу 80 жители на општина Македонски Брод присуствуваа на четвртата форумска сесија што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 27 јануари во ОУ “Св.Климент Охридски“, во општина Македонски Брод.

Работните групи на присутните жители им ги презентираа осумте предлог-проекти и буџети изработени врз основа на приоритетните проблеми што ги утврдија граѓаните на претходните сесии согласно темата "Развој на инфраструктурата."
Од  осумте предлог – концепти што се презентираа на сесијата беа усвоени следните пет  концепти:
  - изградба на ловечка куќа-дом во с..Тажево
 - уредување на централното градско подрачје во Македонски Брод
 - изградба на спортско игралиште во оу "Св. Климент Охридски" и паркинг простор за училиштето и спортската сала
 - доизградба на селски дом во село Долно Зркле
 - чистење на дивите депонии
Согласно овие пет предлог-концепти се дооформија работните групи кои ќе ја разгледаат состојбата на терен за да се утврди моменталната ситуација, а како што спомнавме беа предложени и предлог-буџетите со чии средства би се реализирале доколку го изгласаат жителите на општината.
  Програмата "Форуми во заедницата" има за цел да го поддржи партиципативниот развој на заедницата  на локално ниво.
Форумот претставува основа за развој којшто се стреми  кон тоа  граѓаните да го подобрат сопствениот живот со сопствени идеи и предлози.

 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA