Насловна arrow Тековни активности arrow Македонски брод arrow Средба на вмрежување – размена на искуства и предизвици
Средба на вмрежување – размена на искуства и предизвици Испечати Е-пошта
8.02.2010.
sredba-fevruari-ohrid_1.jpgОколу 70 учесници од локалната самоуправа, спроведувачки организации,  бизнис секторот, граѓански организации, медиуми и јавни услуги (институции), а во присуство на претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и ЗЕЛС, присуствуваа на средбата на вмрежување што се одржа на 5 и 6 февруари, во Охрид.

 Претставници на девет општини (Аеродром, Могила-Новаци, Радовиш-Конче, Гостивар, Крушево, Македонски Брод и Боговиње), пет организации што ја спроведуваат Програмата во третиот циклус од Втората фаза, како и другите вклучени страни, разменуваа досегашни искуства од форумскиот процес со идеи за идниот развој на Форумите.sredba_-_fevruari_-_ohrid_2.jpg
 Статистичка слика за досегашниот тек на Форумите – (учество, етничка и полова прирпадност, и сл.) беше претставена на првиот ден од Средбата за проектните и меѓуопштинските форуми, додека наредниот ден се дебатираше за квалитетот на форумскиот процес и можни решенија на проблемите.
 Темите на дискусија го опфатија Форумот како место за дискусија (како се води, колку е квалитетна), темите на Форумот (предложените теми од општината, како се избираат, кои други теми би биле податливи за меѓуопштински форуми, дали ги зближуваат двете општини, дали може да се развијат дебатни теми), филтрација на решенија (како тие проектни идеи се прочистуваат и се подобруваат, и како се филтрираат) и проектни идеи.
 “Треба да сме сигурни дека сме обезбедиле инклузија на сите граѓани во Форумите“, изјави директорката на SDC Татјана фон Штајгер Вебер на почетокот од средбата. Таа додаде дека од голема важност е да се обезбеди транспарентност во секој чекор од процесот.sredba-fevruari-ohrid.jpg
Некои од прашањата за кои расправаа учесниците на средбата беше и учеството на Советот и градоначалникот на форумските сесии, обезбедување доволна локација на ресурси и квалитетен кадар од општинската администрација, а се утврди и една од поважните цели на Форумот – искористување на капацитетите на граѓаните во изработка на проектите.
 “Општината да организира Форуми како форма на јавно учество на сите граѓани во општината“, изјави Тања Ѓорѓиевска, претставничка на ЗЕЛС, која говореше за иднината на Форумите. Таа ги презентираше досегашните искуства, вклучително и одлуката за измена на Статутот на општините што би претпоставило институционализација на Форумите, како и изработката на Правилник за организирање и одржување на Форумите.
 Меѓу овие искуства се и одржаните работилници во присуство на градоначалниците, нивна поддршка за продолжување на Форумите, како и презентирање на содржината на актите (одлука и правилник). Тука е вклучено, меѓу другото, и целта на Форумите, фази на реализација, минимално присуство, принципи при изборот на учесниците, финансирање на Форумот, како и специфични карактеристики на постапката.

 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA