Насловна arrow Тековни активности arrow Боговиње arrow Презентирани четири концепт-проекти во Боговиње
Презентирани четири концепт-проекти во Боговиње Испечати Е-пошта
10.02.2010.
Околу 80 жители на општина Боговиње присуствуваа на петата сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 4 февруари во ресторанот “Лас Вегас“.    Вкупно четири концепт-проекти беа презентирани на сесијата, изработени од ѓраѓаните на работните групи што се одржуваат меѓу две форумски сесии и каде се разработуваат идеите предложени од учесниците на Форумите.
    “Изградба на тротоари во текот на главниот пат Скендербег и вертикална и хоризонтална сигнализација“, проект чија цел е изградба на тротоар во должина од 1.400 метри и опфаќа неколку села. Вкупниот предлог-буџет изнесува 2.454.000 денари.
    Вториот предлог-концепт “Инсталирање на централно греење во О.У. Дервиш Цара“ предвидува инсталирање на централно греење во сите училници, ходници, канцеларии и други простории за замена на традиционалниот начин на греење.
    Вкупниот предлог-буџет на овој проект би изнесувал 2.700.000 денари.
  “Санитарни чворови во О.У. Абдул Фрашери село Раковец и во О.У. Лириа село Жеровјане“, е концепт-предлог со примарна цел за подобрување на хигиенските и здравствени услови во двете основни училишта. Предлог-буџетот за овој проект е пресемтан на 1.250.000 денари.
  Сесијата го презентираше и четвртиот предлог-концепт “Снабдување на Ј.П Шар со транспортно возило за собирање на смет“, чија цел е подобрување на услугите на комуналното претпријатие.
  Вкупниот предлог-буџет за овој проект изнесува 3.600.000 денари.
Програмата “Форуми во заедницата“, во оваа фаза, освен во Боговиње се одржува уште во 11 општини – Берово, Дебар, Струмица, Могила –Новаци, Радовиш-Конче, Крушево, Гостивар, Аеродром и Македонски Брод.
  Буџетот за Програмата во општина Боговиње изнесува шест милиони денари, од кои 1,5 милиони се учество на општината, а 4,5 милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA