Насловна arrow Тековни активности arrow Македонски брод arrow Презентација на пет предлог-проекти во Македонски Брод
Презентација на пет предлог-проекти во Македонски Брод Испечати Е-пошта
26.02.2010.
Вкупно пет предлог-проекти со соодветни предлог-буџети, беа презентирани на петтата форумска сесија што се одржа на 24 февруари, во ОУ “Климент Охридски“, во Македонски Брод, во присуство на околу 100 жители.petta_sesija-makedonski_brod.jpg

 “Нови перспективи за туризмот – Ловечка куќа во с.Тажево“ е предлог-проект со главна цел развој на туризмот во општината, чиј главен носител е Ловечкото друштво “Песјак“. Вкупниот предлог-буџет за овој проект изнесува 737 илјади денари.
    Вториот предлог-проект презентиран на оваа сесија е “Уредување на централното градско подрачје во Македонски Брод“, чиј главен носител е општината.
  Главните цели на проектот е изградба на жрдињери по булеварот, уредување на плоштадот и уредување на просторот непосредно до бензинската пумпа. Вкупниот предлог-буџет за овој проект изнесува околу шест милиони денари.
 “Подобрување на инфраструктурата за спорт и рекреација и зголемување на безбедноста во сообраќајот во Македонски Брод“ е третиот предлог-проект со вкупен предлог-буџет од 2.600.000 денари. Целта на проектот е изградба на спортски терен, паркинг простор и организирање на турнири и спортски натпревари.
 Главен носител на овој проект е општина Македонски Брод.
 Четвртиот предлог-проект е именуван како “Подобрување на условите за живот и престој во село Долно Зркле“, чиј главен носител е исто така општина Македонски Брод.petta_sesija-makedonski_brod_1.jpg
 Целта на проектот е придонес на развојот на село Зркле, односно развој на инфраструктурата за социјализација, како и одржување на културни, верски и други манифестации. Вкупниот предлог-буџет изнесува околу 550 илјади денари.
 “Македонски Брод – еколошки чиста и здрава животна средина“ е петтиот предлог-проект што жителите на општината го утврдија како приоритетен за подобрување на нивното секојдневие. Носител на проектот е општината, а меѓу главните цели се отстранување на дивите депонии во општината, поставување знаци за заштита на животната средина и чистење на речното корито на реката Треска.
 Вкупниот предлог-буџет на овој проект изнесува 300 илјади денари.


   
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA