| Презентирани пет предлог-проекти во Аеродром |
|
|
| 26.02.2010. | |
Околу 120 жители на општина Аеродром учествуваа на петтата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 19 февруари, во ОУ “Ѓоргија Пулевски“, во општина Аеродром.![]() Сесијата презентираше пет предлог-проекти што ги изработија на жителите на општината, утврдувајќи ги како приоритети за подобрување на нивниот секојдневен живот. “Замена на прозорците и вратите во основните училишта Блаже Конески, Браќа Миладиновци, Гоце Делчев-Г.Лисиче и во градинката Срничка-Изворче во општината“ содржи активности околу демонтажа, санирање и транспорт постоечките прозорци, и набавка и поставување на нови ПВЦ прозорци и врати. Вкупниот буџет на овој проект изнесува 109 илјади евра, носител е општина Аеродром, а парнери се ОУ Блаже Конески, ОУ Браќа Миладиновци, ОУ Гоце Делчев, и градинката Срничка. Вториот предлог-проект “Поправка на подовите во училиштата Лазо Ангеловски, Ѓоргија Пулевски и Љубен лапе, и во градинката Пчелка 2“, чија главна активност е обложување, поправка и замена на подовите. Вкупниот предлог-буџет изнесува околу 67 илјади евра, а носител е општина Аеродром. Вкупниот предлог-буџет за третиот предлог-проект “Подобрена опрема за поголемо знаење“ изнесува 46 илјади евра. Главните активности на овој предлог-проект опфаќаат, меѓу другото, опрема на кабинетите по географија, хемија, биологија, физика и др. во неколку училишта во општината. ![]() Предлог-буџет за овој проект изнесува 46 илјади евра, а носител е општината. „Дворот е лицето на заедницата“ е предлог-проект што ќе опфати различни активности – репарирање на оштетени огради, оштетени патеки, поставување на реквизити во неколку основни училишта и градинки, како и хортикултурно уредување со заштитно и украсно зеленило. Предлог-буџетот на овој предлог-проект изнесува околу 85 илјади евра. “Изградба на спортски терен во училишниот двор на ПОУ Гоце Делчев – Долно Лисиче“ има за цел подобрување на условите за настава на ученици, со главни активности – изградба на терен, поставување ограда околу игралиштето, осветлување на игралиштето, заземјување на оградата итн. Носител на овој проект е општина Аеродорм, а вкупниот предлог-буџет изнесува 49 илјади евра. |
| < Претходно | Следно > |
|---|