Насловна
Петта сесија во Радовиш Конче – утврдени предлог буџети Испечати Е-пошта
26.02.2010.
Околу 90 жители на општините Радовиш и Конче присуствуваа на петата форумска сесија, што се одржа на 18 февруари во ресторанот “Шампион“, во општина Радовиш.petta_sesija_radvos_konce_1.jpg

 Вкупно четири предлог-проекти со предлог-буџети беа презентирани на оваа сесија, утврдени од жителите на двете општини како приоритетни за подобрување на нивното секојдневие.
    “Подобрено водоснабдување на општините Радовиш и Конче“ содржи активности за изградби на нови линии од пумпни станици и резервоари, како и изведба на бушотини во двете општини. Носители на проектот е општините Радовиш и Конче, а вкупниот предлог-буџет изнесува 9.287.593 денари.
    Вториот предлог-проект што се однесува на кампања за рационално користење на водата предвидува јавни трибини, медиумска кампања, изработка на промотивни и информативни материјали итн. Носител на проектот се двете општини, а предлог-буџетот изнесува 612.340 денари.
    “Техничка опрема за одржување на мрежата за подвод на отпадните води“ осдржи активности во врска со набавка на едно специјално возило и на трактор со цистерна што ќе се користи и во двете општини. Носители на проектот се општините радовиш и Конче, а вкупниот предлог-буџет изнесува 9.831.000 денари.petta_sesija_radovis_konce.jpg
    Четвртиот предлог-проект “Третман на отпадни води и колекторски системи за отпадни води во општините Радовиш и Конче“ предвидува активности во врска со изработка на физибилити студија, идејни и основни проекти за колекторски системи, за две пречистителни станици, техничка ревизија на проектите итн.
    Предложениот буџет за овој проект изнесува 6.263.910 денари, а носители се општините Радовиш и Конче.
    Вкупниот буџет на Програмата во овие две општини изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината и шест милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
   

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA