Насловна
Шеста сесија во Боговиње Испечати Е-пошта
9.03.2010.
Презентации со четири концепт-проекти и предлог-буџети беа претставени на шестата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 4 март во ресторанот „Флоар„ во општина Боговиње.sesta_sesija-bogovinje.jpg

 Концепт-проектот што се однесува на изградбата на тротоари по должината на регионалниот пат “Скендербег“ ќе содржи три фази на активности во рамки на петмесечен период. Некои од очекуваните резултати во рамки на овој концепт-проект е изграден тротоар од 1400 метри и намален број на сообраќајни незгоди.
    Вкупниот предлог-буџет изнесува 2.839.350 денари, од кои учеството на општината е 643.300 денари, а учеството на парнерите 266.000 денари. Останатиот дел од средствата е донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
    “Инсталирање на централно греење во ОУ Дервиш Цара-Палчиште“ предвидува инсталирање на греење во сите училници, ходници, канцеларии и други простории со што ќе се замени традиционалниот начин на греење, а ќе се подобрат и хигиенските услови.
    Процесот на спроведување на проектот би се одвивал во две фази на активности, а меѓу очекуваните резултати се подобрување на хигиената за над 50 проценти, елиминирање на опасностите од пожар и константна тенпература од 20 до 22 Целзиусови степени.
    Вкупниот предлог-буџет на овој проект изнесува 3.955.659 денари, од кои учеството на општината е 896.048 денари, а учеството на партнерите е 376.000 денари. Остатокот од средствата е донација на SDC.
    “Реконструкција на санитарните чворови во ОУ “Абдул Фрашери“ од село Раковец и ОУ “Лириа“ во село Жеровјане е концепт-проект што предвидува да се реализира во две фази на активности во шестмесечен период, со крајни резултати - реновирани санитарни јазли и подобрување на хигиената.
    Вкупниот предлог-буџет изнесува 1.034.174 денари, од кои учеството на општината е 233.750 денари, а учеството на партнерите 99.000 денари. Остатокот од средствата се донација на SDC.
    Четвртиот концепт-проект “Снабдување со превозно средство (камион) за превоз на отпадоци“ би се реализирал во три фази, во рамки на пет месеци. Меѓу крајните резултати се очекува да биде набавка на превозно средство како и подигање на ниво на услуги за жителите на Боговиње.
Буџетот за овој проект изнесува 4.394.200 денари, од кои учеството на општината изнесува 998.400 денари, а учеството на партнерите 400.000 денари. SDC го донира останатиот дел од средствата.

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA