| Презентации на пет предлог-проекти |
|
|
| 28.02.2010. | |
Вкупно 87 жители на Крушево присуствуваа на шестата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 24 февруари во просториите на Пензионерскиот дом.![]() Дискусии за пет предлог-проекти, коишто жителите на Крушево ги утврдија како приоритетни, се одвиваа на Форумот. За предлог-проектот што се однесува на третманот на отпадот, се дискутираше околу набавката на возилото и неговата комплементарност со контенјерите, кои исто така треба да сае набават. Се планира набавка на возило за отпад со 63 контејнери коишто ќе бидат распоредени низ градот и околните населени места. Во врска со предлог-проектот за санација на полските патишта во с.Бушин, кој како и претходниот беше поддржан од Форумот за негов натамошен развој, беше посочено дека административните трошоци се преголеми, и треба да се намалат. Третиот предлог-буџет за реконструкција на четири улици во општината, исто така, беше усвоен од Форумот, но со најава за дополнителна анализа на буџетот што ќе би бил во рамки на буџетот за финансирање. ![]() Четвртиот предлог-проект е насловен како “Асфалтирање на дел од улицата Нико Доага во Крушево со краци“, додека петтиот предлог-проект се однесува на “Изградба на градски пазар во Крушево“. Деталниот предлог-буџет за овој предлог-проект беше образложен на Форумот, по што без забелешки беше усвоен. Вкупниот буџет за општина Крушево изнесува четири милиони денари, од кои еден милион денари се учество на општината, а три милиони донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). |
| < Претходно | Следно > |
|---|