| Шести Форум во Радовиш Конче |
|
|
| 12.03.2010. | |
Презентации на четири предлог-проекти, со соодветни предлог-буџети, се одржаа на шестата сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 4 март, во ОУ “Гоце Делчев“ во општина Конче.
Предлог-проектот што се однесува на подобрување на водоснабдувањето во општините Радовиш и Конче има неколку крајни очекувани резултати – за Радовиш, изградба на нова линија од пумпната станица до резервоар “Коџа Баир“ во должина од 5.500 метри и за Конче, изведба на бунар со пумпна станица со капацитет од 8 литри во секунда и на потисен цевковод. Вкупниот планиран буџет за овој проект изнесува 9.287.593 денари.“Кампања за рационално користење на водата во општините Радовиш и Конче“ е вториот предлог-проект со крајни активности – јавни трибини за рационална употреба на водата, медиумска кампања, информативни материјали, како и изработка на промотивни материјали. Планираниот буџет за овој проект изнесува 413.330 денари. Третиот предлог-проект се однесува на изработка на техничка опрема за одржување на канализациската мрежа, со вкупен предлог-буџет од 9.851.000 денари. Активностите за овој предлог-проект предвидуваат обезбедување на две возила и соодветен алат за одржување на мрежата, како и обучен кадар за користење на опремата. ![]() Предлог-проектот “Третман на отпадни води и колекторски системи за отпадни води за општините Радовиш и Конче“ предвидува, меѓу другото, изработка на физибилити студија за третман на отпадни води за двете општини, изработка на идејни и основни проекти за колекторски системи со вкупна должина од 62 километри, и изработка на идејни и основни проекти за две пречистителни станици за општините Радовиш и Конче. Предлог-буџетот за овој проект изнесува 6.263.910 денари. Вкупниот предлог-буџет за општините Радовиш и Конче изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината, а шест милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). |
| < Претходно | Следно > |
|---|