Насловна
Утврдување на проект-буџети во Аеродром Испечати Е-пошта
23.03.2010.
Прецизирање на буџетите на петте предлог-проекти утврдија жителите на Аеродром на шестата форумска сесија, што се одржа на 16 март во ОУ Ѓорѓија Пулевски, во општина Аеродром.sesta_sesija_aerodrom.jpg

 Проектот “Замена на прозорците и вратите во основните училишта Блаже Конески, Браќа Миладиновци, Гоце Делчев-Г.Лисиче и во градинката Срничка-Изворче во општина Аеродром“ има вкупен буџет од 6.712.743 денари односно 109 илјади и 150 евра.
    Учеството на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во проектот е 66 проценти, на општината 34 проценти односно околу два милиони денари и на носителот и партнерите 10 проценти.
    Буџетот за проектот “Поправка на подовите во училиштата Лазо Ангеловски, Ѓоргија Пулевски и Љубен лапе, и во градинката Пчелка 2“ изнесува 6.937.653 денари, од кои SDC ќе донира четири милиони денари, учеството на општината е 2.243.860 денари, а носителот и партнерите учествуваат со 10 проценти односно 693.793 денари.
    “Подобрена опрема за поголемо знаење“ има вкупен буџет од 43.207 евра, со 66,7 проценти учество на SDC и 33,3 проценти на општината, и 10 проценти односно 265.841 денари учество на носителите и на партнерите.sesta_sesija_aerodrom-1.jpg
    „Дворот е лицето на заедницата“ е предлог-проект што ќе опфати различни активности – репарирање на оштетени огради, оштетени патеки, поставување на реквизити во неколку основни училишта и градинки, како и хортикултурно уредување со заштитно и украсно зеленило. Буџетот на овој предлог-проект изнесува 2.622.186 денари, од кои 1.569.000 денари е побарано од SDC, а 786.855 денари се учество на општината.
    Учеството на партнерите е минимум 10 проценти односно 266.331 денари.
    “Изградба на спортски терен во училишниот двор на ПОУ Гоце Делчев – Долно Лисиче“  има за цел подобрување на условите за настава на ученици. Буџетот за овој проект изнесува 2.988.120 денари, со 66,6 проценти донација на SDC, 33,4 проценти на општината и 10 проценти односно 298.812 денари на партнерот и носителот.
    Вкупниот буџет на Програмата, за општина Аеродром, изнесува шест милиони денари, од кои четири милиони се учество на општината, а два милиони донација на SDC.
   
   
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA