Насловна arrow Тековни активности arrow Боговиње arrow Жителите на Боговиње се одлучија за два проекти
Жителите на Боговиње се одлучија за два проекти Испечати Е-пошта
1.04.2010.
„Изградба на тротоар по должината на регионалниот пат Скендербег“ и “Снабдување со превозно средство (камион) за превоз на отпадоци“ се двата проекти што ќе се реализираат во општина Боговиње, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“.sedma_sesija_bogovinje-1.jpg

  Гласањето, што се одржа на седмата форумска сесија на 26 март во ресторанот “Лас Вегас“ во село Пирок, се однесуваше на четири проекти што жителите на општина Боговиње ги изработуваа изминатите месеци како нивни приоритети.
    “Ова активно учество на граѓаните е дел од демократскиот процес, во кој е потребна транспарентност и на локалната власт“, изјави директорката на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) Татјана фон Штајгер Вебер, која присуствуваше на сесијата.
    Таа додаде дека е потребно да им се даде можност на општините да го институционализираат процесот односно Форумите да станат дел од општинските статути.sedma_sesija_bogovinje.jpg
    Прворангираниот проект, изградбата на тротоар на патот Скендербег, ќе содржи три фази на активности во рамки на петмесечен период. Некои од очекуваните резултати е изграден тротоар од 1400 метри и намален број на сообраќајни незгоди.
    Вкупниот буџет изнесува 2.839.350 денари, од кои учеството на општината е 643.300 денари, а учеството на парнерите 266.000 денари. Останатиот, поголем дел од средствата е донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
    Второрангираниот проект, Снабдување со камион за превоз на отпадоци, би се реализирал во три фази, во рамки на пет месеци. Меѓу крајните резултати се очекува да биде набавка на превозно средство како и подигање на ниво на услуги за жителите на Боговиње.
   Буџетот за овој проект изнесува 4.394.200 денари. Според најавите од општинските власти, останатиот дел од потребните средства ќе ги додели општина Боговиње.
  Програмата “Форуми во заедницата“, од октомври минатата година, освен во Боговиње, се одржува и во Берово, Дебар, Струмица, Могила, Новаци, Радовиш, Конче, Крушево, Гостивар, Аеродром и Македонски Брод.

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA