| Јавно претпријатие на Могила и Новаци – проект на жителите на двете општини |
|
|
| 1.04.2010. | |
“Активно јавно претпријатие на Могила и Новаци“ е проектот што го избраа жителите на овие две општини во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ и првиот меѓуопштински Форум што се одржа во двете општини.![]() “Ова е ќе биде прв пример во Македонија каде ќе се формира заедничко претпријатие, и се надевам дека сите учесници ќе дадат активно учество“, изјави градоначалникот на Могила Славко Велевски, додавајќи дека треба да продолжи меѓуопштинскиот партнерски однос. Проектот, што го изгласаа жителите на Могила и Новаци, предвидува фузирање на двете формирани комунални претпријатија во Могила и Новаци и формирање на заедничко, како и негово опремување со возила. Вкупниот буџет на проектот изнесува 7.948.000 денари, од кои 5.365.000 денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), 1.788.800 учество на општините Могила и Новаци, и 795.000 денари на носителот на проектот. “Соработката меѓу општините треба да продолжи, а ќе бараме и нови инвестиции со цел да се создадат подобри услови за живеење и на двете општини“, изјави градоначалникот на Новаци Лазар Котевски. ![]() Програмата “Форуми во заедницата“ во општините Могила и Новаци започна да се реализира во октомври, минатата година, и во текот на седум форумски сесии жителите на двете оппштини ги утврдуваа приоритетите за подобрување на нивниот секојдневен живот. “Се надевам дека ќе ги негувате резултатите од овој Форум и ќе го продолжите овој процес заедно со општината“, изјави Сунчица Костовска Петровска, раководителка на Програмата од ФИООМ – организација што ја спроведува програмата во Могила Новаци. Вкупниот буџет на Програмата во двете општини изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината, а четири милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). |
| Следно > |
|---|