Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Берово arrow Крушевчани го избраа проектот за Градскиот пазар
Крушевчани го избраа проектот за Градскиот пазар Испечати Е-пошта
1.04.2010.
“Покривање и уредување на градскиот пазар во Крушево“ е проектот што го избраа жителите на Крушево како приоритетен во решавањето на проблемите од нивниот секојдневен живот.sedma_sesija_krusevo.jpg

  Околу 50 жители на општината присуствуваа на седмата форумска сесија што се одржа на 24 март во Пензионерскиот дом во Крушево, каде присутните гласаа за еден од петте проекти кои во изминатите месеци ги изработуваа работните групи.
    “Граѓаните, преку Форумите, учествуваа во развојот на градот, во детектирање на проблемите во општината“, изјави градоначалникот на Крушево Василчо Дамчевски, додавајќи дека крајната цел е избор на проекти што се приоритетни за граѓаните.
    Проектот за Градскиот пазар е со вкупен буџет од 14 милиони денари, од кои 10 милиони денари треба да ги обезбеди македонската Влада, а остатокот од четири милиони денари се од проектниот фонд на Програмата.
    Изведувањето на проектот треба да се одвива во неколку фази, меѓу кои и изградба, а оваа фаза предвидува ставање покрив и внатрешно уредување на пазарот.sedma_sesija_krusevo-1.jpg
Останатите средства од Фондот се предвидени за набавка на контејнери, во рамки на второрангираниот проект.
    “Верувам дека сите проекти се значајни за жителите, но сепак, средствата се ограничени“, изјави раководителот на Програмата Сунчица Костовска-Петровска, од организацијата што ја спроведува Програмата во Крушево – ФИООМ.
    Таа додаде дека ова е прва можност за граѓаните да решат каде ќе ги доделат средствата, со можност да донесат одлука со резултати.
    Покривањето и уредување на Градскиот пазар предвидува обложување на под, пристап до објектот, внатрешен олук и поставување на тезги на пазарот во Крушево. Со пазарот ќе стопанисува ЈП “Комуна“, а времетрањето на изработката е шест месеци.
    Сесијата презентираше и осум препораки на граѓаните до општината кои се однесуваат на приоритетни прашања за подобрување на нивното секојдневие.
    Програмата во општина Крушево започна да се реализира во октомври, минатата година, со вкупен буџет од четири милиони денари, од кои еден милион е учество на општината и три милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA