Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Берово
Жителите на Македонски Брод за уредување на центарот | Жителите на Македонски Брод за уредување на центарот |
|
|
| 15.04.2010. | |
Форумот во Македонски Брод, во рамки на програмата "Форуми во заедницата ", по седми пат се одржа на 7. април во салата на ОУ "Св.Климент Охридски", во присуство на 75 жители на општината.![]() Жителите на Македонски Брод, од четирите предлог-проекти што ги утврдија како приоритетни за подобрување на нивниот секојдневен живот, избраа еден - "Уредување на централно градско подрачје во Македонски Брод" . Вкупниот буџет за овој проект е 5.799.383,64 денари, од кои Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и општината обезбедија четири милиони денари, а остатокот од средствата ќе ги обезбеди носителот на проектот и партнерите. Практичното спроведување на проектот подразбира и некои активности меѓу кои и обезбедување на потребната документација за негова реализација. ![]() Седмата форумска сесија го финишираше форумскиот процес,кој започна со детектирање на општинските проблеми во рамки на темата,нивна анализа,формирање на работни групи, нудење решенија на проблемите,подготовка на предлог-проекти и на конечни проекти. Програмата "Форуми во заедницата", освен во општина Македонски Брод, во оваа фаза се одржува и во општините Аеродром, Берово, Радовиш-Конче, Крушево, Струмица, Дебар, Могила-Новаци, Гостивар и Боговиње. |
| < Претходно | Следно > |
|---|