| Жителите на Радовиш и Конче избраа еден проект |
|
|
| 7.05.2010. | |
„Техничка опрема за одржување на канализационата мрежа“ е проектот што го избраа жителите на Радовиш и Конче, на седмиот Форум што се одржа на 25 март, во ресторанот “Шампион“ во Радовиш.![]() Околу 112 жители на двете општини присуствува на последната форумска сесија, што се одржа во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ којашто се спроведува во овие општини во изминатите неколку месеци. Изборот на проектот се изврши од четирите предлог-проекти што ги изработија жителите на општините, како дел од меѓуопштинскиот форум во кој за прв пат во Македонија се промовира меѓуопштинска соработка од ваков вид. Проектот, со вкупен буџет од 9.851.000 денари, има за цел да ги подобри условите за живот на жителите во општините Радовиш и Конче, преку набавка на две возила за одржување на канализациските системи. Двете возила, специјално возило со потисно дејство и трактор со цистерна под висок притисок, општините ќе можат да ги користат согласно потребите и проблемите. Предвидено е со нив да се врши чистење на канализациските цевки, одзатнување, празнење на септички јами и сл., како и активности на недостапни места. Исто така, планирана е набавка на алат за тековно одржување на опремата, а дел од вработените на јавните претпријатија ќе бидат обучени како правилно да ги користат и одржуваат возилата и опремата. Донацијата на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) изнесува шест милиони денари, учеството на општините Радовиш и Конче е 2.865.900 денари, додека носителот и партнерите учествуваат со 985.100 денари. Програмата “Форуми во заедницата“, освен во Радовиш и Конче, од октомври минатата година се одржува и во Могила и Новаци, Берово, Дебар, Струмица, Боговиње, Крушево, Гостивар, Аеродорм и Македонски Брод. |
| Следно > |
|---|