Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Берово arrow Реконструирана улицата “Маршал Тито“ во Берово
Реконструирана улицата “Маршал Тито“ во Берово Испечати Е-пошта
24.08.2010.
berovo-web-golema.jpgРеконструираниот дел на улицата “Маршал Тито“ во Берово, проект што го избраа жителите на општината во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, беше пуштен во употреба в понеделник (23 август), во присуство на бројни граѓани.  “Треба да работиме за потребите на граѓаните, а не за избори“, изјави градоначалникот на општина Берово Драги Наџински на отворањето, и додаде дека со овој проект целосно се подобри ликот на градот.
    Проектот за реконструкција на улицата “Маршал Тито“ чинеше 12,5 милиони денари, од кои шест милиони денари е донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а 6,5 милиони денари учество на општината Берово.berovo-web_-mala.jpg
    Изградени и уредени беа тротоарни површини, доизградена атмосферска канализација во должина од 450 метри, и асфалтирана улицата во должина од 450 метри.
    Отворањето на проектот се одржа во рамки на Денот на ослободување на Берово, и беше проследено со други свечености и манифестации во општината.
   

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA