За програмата - Активности Испечати Е-пошта
3.04.2008.
Процесот на Форумот е составен од две главни фази. Во првата фаза (фаза на сесии) учесниците на форумот – жители на општините во кои се спроведува - се  вклучени во шест до осум структурирани дискусии, во рамките на кои се создаваат проектни идеи и препораки. Втората фаза е практично спроведување на избраните проекти.

Фазата на сесии се состои од шест до осум форумски сесии:
  • Прва сесија – во рамките на која се оформува структурата на форумот, односно работните маси, се утврдува кодексот на работа, се договараат темите, односно областите во коишто е потребна интервенција и се определува агендата на форумските сесии.
  • Од втората до петтата, односно седмата сесија, се водат ФОРУМСКИ дискусии коишто започнуваат со експертски мислења и/или со преглед, а потоа се минува низ фазата на артикулирање на конкретните прашања и проблеми за да се дојде до проектни идеи и препораки за соочување со тие проблеми.
  • Меѓу сесиите се одржуваат состаноци на коишто дополнително се разработуваат проектните идеи и препораки и се обликуваат во конкретни предлог-проекти кои се формализираат за време на работните средби меѓу две сесии. На состаноците учествуваат учесниците на Форумот (работните групи) кои се избираат за време на форумските сесии и кои, вообичаено, се составени од претставници на заинтересираните работни маси (засегнати страни). Како поддршка на работните групи по потреба се вклучуваат и надворешни локални експерти. За својата работа меѓу сесиите, работните групи ги информираат учесниците на Форумот. На сите форумски сесии и сите настани меѓу двете сесии се води записник.
  • Се преземаат низа активности за информирање на јавноста за активностите на Форумот. Секој Форум објавуваа билтени со информации за работата на Форумот, а се организираат и интервјуа со учесниците на Форумот, претставниците на локалната власт и организациите кои ја спроведуваат програмата. Исто така, се објавуваат огласи во медиумите и се рекламираат форумските настани.
  • На завршната (шеста, односно осма) форумска сесија се избираат проектите кои ќе се финансираат во рамките на средствата што му се на располагање на проектот.
  • Последователни сесии. По спроведувањето на избраните проекти се спроведуваат една или две последователни сесии, за да се информираат учесниците на форумот за резултатите и за препораките од спроведените проекти.
Темите на Форумот ги одредува општината во којашто се спроведува програмата, во соработка со нејзините партнери. Форумот има најмногу две (2) теми. Општините мора да обезбедат доказ дека изборот на двете теми се заснова на партиципативен процес во кој биле вклучени и жените и мажите, како и етничките малцинства.

За да биде соодветна за Форумите, една тема треба да ги исполнува следниве критериуми:
  1. Треба да биде важна за целата заедница, за сите етнички групи и за женските и за машките припадници на заедницата.
  2. Треба да биде дефинирана преку конкретни проблеми што можат да се решат на локално ниво.
  3. Треба да биде поврзана со градењето на капацитетите за децентрализација.
  4. Треба да генерира различни мислења во врска со решението.
  5. Треба да биде избрана од засегнатите страни, преку партиципативен процес (потврден со докази).
 


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA