|
За програмата - Структура на Форумот |
|
|
|
3.04.2008. |
На Форумот учествуваат сите заинтересирани полнолетни граѓани од
општината. Вообичаено, Форумот го сочинуваат најмногу десет работни
маси, секоја составена од пет до осум учесници. Работните маси ги
претставуваат различните социо-економски интереси и гледишта на
заедницата. Тие ги структурираат дискусиите на форумот и го дефинираат
изборот на проектите. Сите работни маси имаат еднакви права и „тежина“
при изборот на проектите.
При конституирањето на масите од страна на Форумот, треба да се земе предвид следново:
- Жените треба да бидат претставени со
не помалку од 40%.Етничките малцинства треба да бидат дел од работните
маси, во согласност со нивните социо-економски интереси. На тој начин
ќе се избегнат чисто етнички работни маси.
- Наместо да се
формираат посебни НВО-работни маси, невладините организации треба да
учествуваат во дискусии на теми поврзани со нивните теренски активности.
Меѓу работните маси, задолжително се формираат следниве:
- Работна масата на Советот на општината;
- Слободна работна маса (за граѓаните кои не го нашле својот социо-економски интерес во другите маси);
- Работна маса на оперативната група (којашто не учествува во дискусиите и во изборот на проектите).
Времени работни групи се формираат за работа во периодот меѓу две
сесии. Тие подготвуваат информации за темата за којашто ќе се
дискутира, собираат повратни информации од социјалните или од
професионалните групи и ги развиваат проектните идеи во проекти.
|