За програмата - Критериуми Испечати Е-пошта
3.04.2008.
Форумот ги избира проектите кои ќе бидат финансирани и спроведени, следејќи ги правилата и критериумите претходно договорени од страна на учесниците. Се препорачува при изборот на проектите да се земе предвид следново:
  • Проектите треба да бидат релевантни на избраните теми.
  • Проектите треба да создаваат партнерства меѓу организациите/граѓаните.
  • Проектите треба да завршуваат со мерливи, практични и видливи резултати.
  • Проектите треба да имаат значителен и широк општествен ефект или да се осврнуваат на важен проблем на некоја етничка или маргинализирана група.
  • Проектите треба да бидат одржливи и по завршувањето на финансирањето.
  • Проектите треба да придонесуваат кон процесот на децентрализација и кон поголема одговорност/отчетност на општинската администрација од аспект на финансиското управување.
  • Проектите треба подеднакво да се осврнуваат на потребите на членовите на заедницата, без оглед на нивниот пол или етничка припадност.
  • Проектите треба да бидат технички одобрени од страна на Управниот комитет.
 


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA