Општини во пилот фаза Испечати Е-пошта
10.04.2008.
  • Кичево
Општина Кичево е средиштето на кичевскиот регион, лоциран во западниот дел на Република Македонија. Сместена е во Кичевската Котлина која претставува јасно обликувана природна целина, од сите страни обиколена со високи планини. Кичево се простира на површина од 49 км². Според бројот на жителите, тоа е најголемата општина во регионот во која живеат 52,5% од вкупниот број жители на регионот. Главно обележје на стопанството во регионот му дава Рударско-енергетскиот комбинат „Осломеј", со капацитет од 660.000 киловат-часови на годишно ниво. Тоа е првиот објект од ваков вид изграден во Република Македонија.

И покрај планинското опкружување на регионот, Кичево има добра патна поврзаност со другите региони во Република Македонија .

Демографската структура на населението во Општина Кичево е мошне разновидна и интересна. Општина Кичево (според пописот од 2002 година) има 30.138 жители, од кои 15.143 се мажи (50,2% од вкупното население во општината), а 14.995 жени (49,8% од вкупното население). Кичево е мултиетничка заедница, во која живеат 16.140 Македонци (53,6% од вкупното население во општината), 9.202 Албанци (30,5% од вкупното население), 2.430 Турци (8,1% од вкупното население во општината), 1.630 Роми (5,4% од вкупното население во општината), 76 лица се Власи (0,3% од вкупното население во општината), 86 - Срби (0,3 % од вкупното население во општината), 7 - Бошњаци, а на преостанатото население му припаѓа бројка од 567 жители, или 2,1%.
 
 
 
  • Прилеп
Општина Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепско Поле, северниот дел од најголемата котлина во Македонија - Пелагонија. Градот Прилеп се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри, а на ридестите падини и до 680 метри. Во Општина Прилеп живеат 76.768 жители, од кои 73.351 живеат во градот. Најголем дел од жителите на Општина Прилеп, односно 70.878, се Македонци. Покрај нив, во Прилеп живеат и 4.433 Роми, 172 Срби, 917 Турци, 22 Албанци, 17 Власи, 86 Бошњаци, како и 243 жители кои им припаѓаат на други националности.
 
 
 
  • Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров е формирана на 14 септември 1996 година со Законот за Градот Скопје, со кој се утврдуваат подрачјата во состав на градот (Сл.весник на РМ бр.49/96).
Територијата на Општина Ѓорче Петров се протега на северозападната страна на Скопје, од левата страна на реката Вардар. Во состав на подрачјето на Ѓорче Петров спаѓаат и руралните населени места и населби по сливот на реката Лепенец. Општина Ѓорче Петров е погранична општина, затоа што нејзината северна граница се протега по должината на границата со Сојузна Република Србија, односно со Косово. Ѓорче Петров е градска Општина во состав на градот Скопје, а нејзината територија се граничи со општините Карпош, Чучер-Сандево, Сарај и Кондово.
Покрај урбаниот дел, Општина Ѓорче Петров има и приградски или рурален дел во кој има шест населени места: Ново Село, Волково, Никиштане, Орман, Кучково и Грачани.
Според прелиминарните резултати од пописот во 2002 година, Општина Ѓорче Петров има 41.710 жители и 11.709 домаќинства. Споредено со пописот од 1994 година, бројките укажуваат на пораст од речиси 10% во поглед на бројноста на населението, за период од 8 години.
 
 


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA