Спроведувачи
МЦМС | МЦМС |
|
|
| 18.04.2008. | |
|
МЦМС е граѓанска организација која верува во мир, хармонија и просперитет на Македонија и Балканот, засновани на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативната демократија, добро владеење, рамномерен социоекономски развој, меѓузависноста и културната разновидност.
МЦМС се стреми да поттикнува и предводи промени за решавање на општествените предизвици со иновации и воспоставување алтернативни модели вклучувајќи ги во главните текови. Долгорочни цели на МЦМС се: - Рамномерен и одржлив економски развој кој води во социјална кохезија и намалување на сиромаштијата преку рурален и регионален развој, вработување, претприемништво, образование и пристап до јавни сервиси; - Диверзифицирано и вкоренето граѓанско општество кое промовира вклученост на голем број интересни групи кои влијаат на главните текови на општественото живеење; - Праведно и демократско општество засновано на принципите на добро владеење, децентрализиран систем на управување и висок степен на доверба; - Прифатена културна разновидност, меѓузависност и дијалог одразени во сите сфери на јавниот живот; - Воспоставени партнерства за развој и зајакнат социјален капитал. МЦМС активностите ги остварува преку: - Застапување; - Развој на капацитетите; - Вмрежување и партнерство; - Кофинансирање; - Информации – односи со јавност. МЦМС е член на: - ECOSOC - ACT International - CIVICUS - Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и - Граѓанската платформа на Македонија. Адреса на МЦМС: Ул. Никола Парапунов, бб., поштенски фах 55, 1060 Скопје Тел: 02/3065 381 Факс: 02/3065 298 E-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете www.mcms.org.mk www.graganskisvet.org.mk |