Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2007-2009 arrow Карбинци arrow Карбинчани ги дефинираа проблемите во урбаниот развој
Карбинчани ги дефинираа проблемите во урбаниот развој Испечати Е-пошта
25.04.2008.
     Учесниците во програмата ,,Форуми во заедниците,, во општината Карбинци, на Првата форумска сесија што се одржа во средата (23.04.2008) ги анализираа проблемите кои во општината се јавуваат во областа ,,Урбан развој,,. Токму таа област на нултата сесија беше одредена како приоритетна во реализацијата на проектот, и за неа се разговараше на работните маси (образование, здравство, екологија, земјоделие, локална самоуправа, бизнис).karbinci_napravena1.jpg
    Од секоја работна маса беа издвоени по три проблеми, за кои има потреба од интервенирање-при тоа доминираа спортски игралишта, оградување на училишта, детски градинки, изградба на улици и тротоари, шеталишта, уредување на плоштади во центрите на населените места.
    “Во нашето село Долни Балван нема некој организиран живот за младите, па поради тоа сметам дека со овој проект би било добро да се изгради игралиште за мали спортови, каде младите би нашле катче за забава и минување на слободното време”, изјави Сретен Пешев, млад жител на Долни Балван.karbinci_napravena_11.jpg
    Марина Николовска, претставник од секторот образование, од село Таринци изрази задоволство од можноста граѓаните да учествуваат во одредувањето на приоритетите во нивниот секојдневен живот,како и во изготвување на проектите.
    “Што се однесува до Таринци, а мислам дека проблемот се јавува и во други места во општината, има потреба од установа за згрижување и чување на малите деца, детска градинка. Ова поради тоа што се повеќе има млади семејства кај кои обата родитела се на работа, а постарите се зафатени со домашни работи, па децата нема кој да ги чува. Затоа, според мене, треба да се размислува за отворање на детски градинки”.
    Предложените проекти од страна на модераторите, со активно учество на граѓаните, беа групирани во четири групи:
1.Урбано уредување на населените места
2.Подобрување и изградба на инфраструктурни објекти
3.Унапредување на можности за спорт и рекреација
4.Подобрување на услугите на институциите за грижа и воспитување.

    Беа формирани и работни групи за анализа на проблемите кои ќе имаат работен состанок на 11 мај, а следната форумска сесија е закажана за 22 јуни во 13 часот.

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA