Тековни активности
Дебар
Работните групи ги утврдија проблемите во образованието во Дебар | Работните групи ги утврдија проблемите во образованието во Дебар |
|
|
| 11.06.2008. | |
|
Втората форумска сесија во рамки на Програмата “Форуми во заедницата“ на која учествуваа над 100 учесници се одржа во петокот, на 6.јуни, во ресторанот “Пенестија“.
Преставниците на четири работни групи кои беа формирани во првата сесија, пред присутните ги изнесоа евидентираните проблеми во сферата на образованието во општината Дебар.
Работната група која работеше на евидентирање на состојбата со просторните проблеми во образовните институции, покрај другото, информираше дека проблемите се однесуваат на немање можност да се опфатат сите осмооделенци во средното образование во дебарската гимназија, тешката состојба на објектот на гимназијата, неуредни фасади на основните училишта, недостаток на спортски полигони во руралните средини, недостиг на спортска сала во Дебар, тешката состојба на спортските училишни сали, проблеми со греењето во училиштата, недостаток на простор во основните училишта, застарен инвентар во училиштата и градинката, слабата безбедност во училиштата и друго.
Работната група која ги евидентираше проблемите со надгледните наставни средства и библиотеки информираше дека нагласени проблеми има со недоволна опрема во детската градинка, застарен инвентар во градинката ,“Брешија,“ недостаток на класичен кабинет по информатика во класното образование, недостаток на дидактички средства, недостаток на лабораториски помагала за научни истражувања и друго. ![]() Во својата информација што беше пренесена пред учесниците на втората сесија, работната група за истражување на услови за отворање на центри за странски јазици, модерен танц и култура, укажа на проблемите во однос на немањето на културен центар за млади, центар за изучување на странски јазици, барање за отварање на летен универзитет во Дебар, како и списание за научни трудови на албански јазик. Четвртата група информираше околу истражувањето на услови за изведување на настава во природа. Притоа се изнесени и недостатоците за забавен парк за деца, недостиг на забавен парк во село Д. Косоврасти, немање кадар за работа со лица со посебни потреби и друго. На сесијата беше регистриран особен интерес на учесниците во однос на давањето на предност за решавање на одредени проблеми. Договорено е наредната сесија да се одржи на 4.јули. |
| < Претходно | Следно > |
|---|