Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
За програмата „Форуми во заедниците“ Печати Е-пошта
Недела, 25 Ноември 2007 14:55
Цели
Главна цел на програмата е да се поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Форумот претставува платформа за развој којашто цели кон тоа (1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот, со сопствени идеи и учество и 2) администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на кое ќе му се верува.
 
 
 
Активности
Процесот на Форумот е составен од две главни фази. Во првата фаза (фаза на сесии) учесниците на форумот – жители на општините во кои се спроведува - се  вклучени во шест до осум структурирани дискусии, во рамките на кои се создаваат проектни идеи и препораки. Втората фаза е практично спроведување на избраните проекти.

 
 
Структура на Форумот
На Форумот учествуваат сите заинтересирани полнолетни граѓани од општината. Вообичаено, Форумот го сочинуваат најмногу десет работни маси, секоја составена од пет до осум учесници. Работните маси ги претставуваат различните социо-економски интереси и гледишта на заедницата. Тие ги структурираат дискусиите на форумот и го дефинираат изборот на проектите. Сите работни маси имаат еднакви права и „тежина“ при изборот на проектите.
 
 
 
Критериуми и одобрување на проекти
 
Форумот ги избира проектите кои ќе бидат финансирани и спроведени, следејќи ги правилата и критериумите претходно договорени од страна на учесниците. Се препорачува при изборот на проектите да се земе предвид следново:
 
Крајни резултати
Се очекува секој од Форумите да заврши со следниве мерливи резултати:
  1. Да се реализираат шест до осум форумски сесии, при што меѓу двете последователни сесии треба да се одржи најмалку една работна средба;
  2. На форумските сесии да учествуваат голем број претставници на локалната заедница (најмалку 50 учесници);
  3. Да се реализираат доброструктурирани и квалитетни дискусии од аспект на значителното време поминато во експертски инпут, проектни идеи и препораки;
  4. Да се реализираат настани за публицитет и мерливи активности за односи со јавноста во заедницата;
  5. Да се воспостават неформални и институционализирани партнерства меѓу локалните засегнати страни;
  6. Да се развијат најразлични проектни идеи;
  7. Да се достават препораки до општинските власти, кои ќе се земат предвид од страна на општинските власти;
  8. Да се спроведат одржливи проекти, со видлив социо-економски ефект во заедницата.

Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom