Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
За програмата - Цели Печати Е-пошта
Четврток, 03 Април 2008 12:10
Главна цел на програмата е да се поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Форумот претставува платформа за развој којашто цели кон тоа (1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот, со сопствени идеи и учество и 2) администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на кое ќе му се верува.
Конкретни цели на програмата се:
  1. Вклучување на граѓаните во локалното владеење. Тоа се постигнува преку учество на локалните засегнати страни и на обичните граѓани во развивањето на проектите и во давањето препораки, а подоцна и во спроведувањето во рамките на финансиската поддршка обезбедена од Швајцарската агенција за развој и соработка и од општините кои учествуваат во проектот.
  2. Создавање партнерства меѓу локалните засегнати страни. При развивањето на препораките и проектните идеи граѓаните и засегнатите страни меѓу себе воспоставуваат неформални коалиции, кои подоцна можат да се институционализираат во невладини организации или во други формални тела на локално партнерство.
  3. Подобрување на капацитетот на локалната заедница за развивање проекти. Учествувајќи во разработувањето на проектните идеи општинската администрација (ОА) развива вештини и стекнува знаења. Во фазата на спроведување, ОА развива практичен капацитет во поглед на проектите. Особено е важно што најчесто станува збор за капацитет за „партнерство“, бидејќи проектот ја зближува ОА со другите засегнати страни.
  4. Подобрување на капацитетот на локалната администрација во однос на децентрализацијата. Учествувајќи во проекти и одговарајќи на препораките, ОА практично ги спроведува своите нови одговорности поврзани со процесот на децентрализација.
  5. Конкретно подобрување на локалната социо-економска средина. Конкретните резултати од финансираните проекти не ги претставуваат директните цели на приодот со којшто се користат ФОРУМИ. Меѓутоа, овие практични резултати честопати ја создаваат водечката мотивација на  граѓаните да учествуваат на Форумот.
Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom