Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
Пилот фаза Печати Е-пошта
Вторник, 22 Април 2008 14:17
Првичната информација за програмата „“Форуми во заедницата„, во пилот фазата, ја а претставивме пред пошироката јавност преку оглас во дневните весници. Поставувајќи едноставни прашања (на пример, дали во општините има нерешени комунални прашања, загадена средина, невработеност, несоодветни услови за образование и за воспитание на децата и други напластени проблеми), ги повикавме оние луѓе кои знаат кои се проблемите и кои знаат како да се решат овие проблеми, односно луѓето кои сакаат да учествуваат во донесувањето на одлуките и кои се заинтересирани за тоа да придонесат за подобрата иднина на општините Кичево, Прилеп и Ѓорче Петров да се приклучат во реализацијата на програмата „Форуми во заедниците“.
Натамошната комуникација со граѓаните во овие општини се одвиваше преку постери на кои се соопштуваа времето и местото на одржување на сесиите, по пат на директна комуникација со граѓаните и, особено, преку билтените на форумите. За секоја општина беа изработени по неколку билтени, во кои се дадоа основните информации за текот на форумските сесии, за темите на кои ќе се дискутира, за проектите кои се предложени и избрани и сл. Билтените се дистрибуираа до пошироката јавност во трите општини. Работата на форумите беше проследена од страна на националните и на локалните медиуми.

Со цел подетално да ги информираме централните власти и локалните самоуправи, како и НВО-секторот и донаторската заедница во Македонија, подготвивме пакет-информации кој беше дистрибуиран до сите нив.
Во рамките на активностите за промоција на програмата „Форуми во заедниците“ се изработија и два видеоматеријала – едниот илустративен, додека другиот претставува краток документарен филм за спроведувањето на програмата. Овој филм беше промовиран на централниот настан од кампањата за односи со јавноста – Националната конференција на програмата „Форуми во заедниците“

Националната конференција на програмата „Форуми во заедниците“ се одржа на 17 април 2007 година, со цел да се споделат искуствата од реализацијата на програмата „Форуми во заедниците“ во нејзината пилот- фаза, како и да се разменат мислења и искуства за модалитетите на нејзиното продолжување.
На конференцијата на која учествуваа вкупно 91 лице - претставници на единиците на локалната самоуправа (47 претставници од 37 општини), државните органи, меѓународните организации и медиумите, беа прикажани досегашните искуства од спроведувањето на програмата во општините Кичево, Прилеп и Ѓорче Петров. Во своето обраќање до присутните, НЕ г. Томас Фуглистер, амбасадор на Швајцарија во Република Македонија, ја истакна потребата од активно вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлукие на локално ниво, како механизам за успешно спроведување на целите на децентрализацијата. Притоа, тој ја потенцираше подготвеноста на швајцарската Влада и во иднина - преку своите фондови -да ги поддржува овие процеси во Република Македонија. За Заедницата на единиците на локалната самоуправа, како што истакна г. Невзат Бејта, потпретседател на ЗЕЛС, оваа програма претставува можност за развој на капацитетите на општинските администрации за исполнување на задачите и обврските кои со пренесувањето на надлежностите потпаднаа под нивна надлежност.
Во своите презентации за начинот на спроведување на програмата во практика и за искуствата со кои се стекнаа во рамките на досегашната работа, претставничките на организациите имплементатори на програмата - ЦИРа и ФИООМ - г-ѓа Кристина Хаџи-Василева и г-ѓа Сунчица Костовска Петровска, раководителки на програмата, образложија кои активности треба да се спроведат за успешна реализација на програмата.
Своите искуства од реализацијата на програмата и за придобивките од неа со присутните  ги споделија и градоначалниците на трите општини во кои се  спроведуваше оваа програма – г. Сокол Митровски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, г. Марјан Ристески, градоначалник на Општина Прилеп и г. Владимир Толевски, градоначалник на Општина Кичево). На конференцијата учествуваа и г. Дилијан Еткин, градоначалник на Општина Тројан, Бугарија, каде што години наназад најзначајните одлуки, вклучително и одлуките за распределба на буџетот на општината, се донесуваат преку форумски сесии на коишто учествуваат граѓаните. Во својата експертска презентација, г. Дочо Михаилов, консултант на програмата, ја истакна опсервираната подготвеност на општинските администрации да учествуваат во програмите кои се вистинска можност за нивно приближување до граѓаните, како и заинтересираноста на граѓаните активно да учествуваат во процесот на донесување на одлуките.
Оценувајќи дека  пилот-фаза на програмата е успешно завршена, г. Роман Дарбеле, раководител на Швајцарската агенција за развој и соработка, истакна дека се обезбедени средства за нејзино продолжување и проширување, на начин што ќе се утврди дополнително, а на кој ќе влијаат и мислењата од конференцијата.

Во живата дискусија којашто се разви, учесниците на конференцијата ја поздравија иницијативата за спроведување на ваква програма во Република Македонија. Тие сметаат дека е мошне важно тоа дека станува збор за програми кои овозможуваат решавање на локалните проблеми преку процеси во кои учествуваат самите граѓани, кои на тој начин се вклучени во донесувањето на одлуките и во градењето на капацитетите на локалната администрација. Дискутантите сметаа дека во оваа програма треба да се вклучат што поголем број општини, особено од неразвиените подрачја, и дека треба да се остави можност повеќе општини да соработуваат во реализацијата на програмата на нивното подрачје, како и при одлучувањето за натамошните чекори, особено за степенот на финансиското учество на општината во реализацијата на програмата, при што треба да се земат предвид спецификите на секоја општина.

Покажаниот интерес на општините за учество на оваа конференција, како и во дискусијата, е своевидна потврда на тоа дека во Република Македонија постојат капацитети за развој на демократијата на локално ниво, на кои им е доволен само мал поттик, кој во овој случај им го даде програмата „Форуми во заедниците“.
Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom