Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
Општо


Избрани нови организации-спроведувачи на Програмата Печати Е-пошта
Петок, 03 Октомври 2008 12:07
    Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Здружение за одржлив развој и соработка “Алка“ се двете нови организации што ќе ја спроведуваат програмата “Форуми во заедницата“ во неколку новоизбрани општини.
    Организацијата АДИ ќе се вклучи во реализација на Програмата во општина Сарај, додека организацијата “Алка“ ќе го спроведува форумскиот процес во општина Долнени.
    Инаку, во оваа фаза и натаму ќе учествуваат досегашните три организации-спроведувачи, и тоа Центарот за институционален развој (ЦИРа) ќе ја спроведува Програмата во општините Берово и Свети Николе, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во општините Битола и Ресен и Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ) во општините Кочани и Ново Село.
 
Избрани нови општини во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ Печати Е-пошта
Петок, 03 Октомври 2008 12:06
    Нови осум општини се избрани во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, чии жители во наредните месеци ќе идентификуваат и ќе предлагаат решенија за проблемите од нивното секојдневие.
    Кочани, Ново Село, Битола, Ресен, Берово, Свети Николе, Сарај и Долнени се општините што се вклучија во втората фаза од Програмата, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
    Вкупниот буџет за оваа фаза изнесува 60 милиони денари од кои 15,5 милиони денари се учество на општините, а 44,5 милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
    Поделено по општини, учеството на општина Кочани е два милиони денари и донација на SDC од шест милиони денари. Истиот проектен фонд го добија и општините Ново Село, Ресен, Берово, Свети Николе и Сарај. Учеството на општина Битола изнесува два милиони денари, додека донацијата на SDC е четири милиони денари. Општина Долнени, пак, во Програмата ќе учествува со 1.5 милиони денари, а SDC ќе донира 4,5 милиони денари.
    Целта на Програмата е да се поттикне и поддржи учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки и креирање политики на локално ниво. Низ структурирани дискусии, граѓаните и општинската администрација ќе ги идентификуваат приоритетите за развој на општината и заеднички ќе развиваат проекти, од кои, повторно заедно ќе ги изберат оние што практично ќе се спроведуваат.



 
Промовирана Програмата „Форуми во заедницата“ Печати Е-пошта
Вторник, 18 Март 2008 19:32
Програмата „Форуми во заедницата„ ќе се спроведува во околу 20 општини во следните 3 години, за што Швајцарската агенција за развој и соработка, обезбеди 4 мил. швајцарски франци. Во првата половина на 2008 година оваа Програмата ќе се спроведува во општините Струмица, Чашка, Карбинци, Чаир и Дебар а подоцна ќе бидат вклучени и други општини. За овие пет општини обезбедни се вкупно 28.000.000,00 денари од кои 8.000.000,00 денари се од буџетите на општините, а 20.000.000,00 денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Повеќе...
 
Избрани општините каде ќе се спроведува програмата „Форуми во заедницатa“ Печати Е-пошта
Понеделник, 03 Март 2008 14:36
Граѓаните на Струмица, Чашка, Карбинци, Чаир и Дебар и локалните власти од овие општини во следните месеци заеднички ќе изнаоѓаат решенија за социо-економските проблеми во нивните локални заедници.
 
Повеќе...
 
Трета имплементирачка организација Печати Е-пошта
Понеделник, 03 Март 2008 14:25
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е избран за трета органзиација што ќе се вклучи во релаизацијата на програмата. МЦМС ќе спроведува традиционален форум во една општина.
 
 


Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom