Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
Алка Печати Е-пошта
Четврток, 02 Октомври 2008 17:38
Здружение за Одржлив Развој и Соработка “Алка”  е македонска независна, непрофитна организација основана во април 2004 година. Иницијативата за формирање на локално здружение потекна од  членовите на единицата за интегриран рурален развој (ИРДУ), која во периодот од 2000 до 2004 година работеа на спроведување на Програмата за интегриран рурален развој финансирана од Сида, а спроведувана во рамките на британска невладина организација (Директна помош за деца - ЦАД), а потоа во француска НВО (Агенција за Помош во Техничка Соработка и Развој - АЦТЕД).

Во согласност со својата визија “Алка” се стреми преку своето дејствување да придонесе кон создавање на организирано општество чии граѓани ја имаат можноста да земат активно учество во креирање на подобра иднина.

Мисијата на “Алка” е насочена кон промовирање и поддршка на иницијативи за одржлив развој на човечките и материјалните ресурси и јакнење на демократските процеси во Македонија.

Стратешки цели на здружението се:
  • Зајакнување на капацитетите на заедниците и Локалната Самоуправа
  • Подобрување на условите за живот
  • Поддршка на граѓанското општество
  • Промоција и поддршка на добро управување (good governance)
 
“Алка” работи со заедници, општини и доброволни групи, давајќи професионална, техничка, советодавна и финансиска поддршка.
Со примена на партиципативниот пристап “Алка” работи на мотивација, мобилизација и самоорганизирање на заедниците, иницира активности за развојно планирање и мобилизирање на достапните ресурси при тоа промовирајќи соработка и партнерство на заедницата  со институциите и другите организации.


Контакт:
Здружение за одржлив развој и соработка “Алка”
Ул. Благоја Давков бр.33
1000 Скопје
Тел/факс: ++ 389 2 3 214 505
               ++ 389 2 3 211 664
Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
            www.alka.org.mk


Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom