Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
Кичево Печати Е-пошта
Недела, 25 Ноември 2007 23:24
Општина Кичево е средиштето на кичевскиот регион, лоциран во западниот дел на Република Македонија. Сместена е во Кичевската Котлина која претставува јасно обликувана природна целина, од сите страни обиколена со високи планини. Кичево се простира на површина од 49 км². Според бројот на жителите, тоа е најголемата општина во регионот во која живеат 52,5% од вкупниот број жители на регионот. Главно обележје на стопанството во регионот му дава Рударско-енергетскиот комбинат „Осломеј", со капацитет од 660.000 киловат-часови на годишно ниво. Тоа е првиот објект од ваков вид изграден во Република Македонија.

И покрај планинското опкружување на регионот, Кичево има добра патна поврзаност со другите региони во Република Македонија .

Демографската структура на населението во Општина Кичево е мошне разновидна и интересна. Општина Кичево (според пописот од 2002 година) има 30.138 жители, од кои 15.143 се мажи (50,2% од вкупното население во општината), а 14.995 жени (49,8% од вкупното население). Кичево е мултиетничка заедница, во која живеат 16.140 Македонци (53,6% од вкупното население во општината), 9.202 Албанци (30,5% од вкупното население), 2.430 Турци (8,1% од вкупното население во општината), 1.630 Роми (5,4% од вкупното население во општината), 76 лица се Власи (0,3% од вкупното население во општината), 86 - Срби (0,3 % од вкупното население во општината), 7 - Бошњаци, а на преостанатото население му припаѓа бројка од 567 жители, или 2,1%.

 

Од статистиката на програмата „Форуми во заедниците" – Општина Кичево

 

 

Избрана тема: Подобрување на локалната инфраструктура во Кичево

Избрани подрачја:

  • Комунална инфраструктура од локален интерес
  • Јавни институции
  • Број на сесии: 6

    Просечен број учесници на работните маси: 70

  • Прва сесија – 57 граѓани (13 жени и 44 мажи)
  • Втора сесија – 88 граѓани (23 жени и 65 мажи)
  • Трета сесија – 73 граѓани (23 жени и 50 мажи)
  • Четврта сесија – 77 граѓани (19 жени и 58 мажи)
  • Петта сесија – 65 граѓани (16 жени и 49 мажи)
  • Шеста сесија - 61 граѓани (16 жени и 45 мажи)
  • Вкупен број работни маси: 10

  • Образование;
  • Спорт и рекреација;
  • Култура;
  • НВО-сектор;
  • Бизнис-сектор;
  • Лица со посебни потреби;
  • Млади;
  • Општа маса на граѓаните;
  • Општинска администрација, и
  • Противпожарна заштита.
  • Избрани проекти

    ЕДНАКОВ ПРИСТАП ЗА СИТЕ - НАДМИНУВАЊЕ НА АРХИТЕКТОНСКИТЕ БАРИЕРИ СО ИЗГРАДБА НА ПРИСТАПНИ РАМПИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

    Носител на проектот: Здружение на телесно инвалидизираните лица - Кичево

    Буџет: 1.408.200,00 денари (сопствено учество 202.000,00 денари, донација од SDC 890.100,00 денари, учество на општината 316.100,00 денари)

     

    Институциите во Кичево немаат обезбеден пристап за лицата со посебни потреби. Архитектонските бариери се само една од пречките со коишто се соочуваат овие лица во рамките на општествениот живот. За да се надминат овие потреби е неопходна изградба на пристапни рампи до јавните објекти во Општина Кичево. Пристапноста на објектите ќе придонесе за јакнење на самодовербата на лицата со посебни потреби и со телесен инвалидитет, како и на старите и изнемоштени лица, а можностите за самостојно движење ќе придонесат за нивно интегрирање во секојдневниот живот, со што ќе се обезбедат еднакви услови за остварување на основните човекови права на сите граѓани. Тоа ќе овозможи подобра и поефективна работа на институциите во насока на обезбедување еднакви услуги за сите граѓани.

    Проектот е наменет првенствено за лицата со посебни потреби или со телесен инвалидитет од Општина Кичево и од околните општини од кичевскиот регион. Со проектната интервенција ќе бидат изградени 9 пристапни рампи во вкупно 6 јавни објекти, и тоа: СДУ „Мирко Милески", ЈЗУ Здравствен дом, Општа болница - Кичево, Агенцијата за вработување Кичево, ДГУ Катастар - Кичево, Домот на културата - Кичево, Меѓуградската автобуска и железничка станица

     

    УРЕДУВАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ И НА ПЕШАЧКАТА ЗОНА

    Носител на проектот: Општина Кичево

    Буџет: 7.439.125,00 денари (донација од SDC 5.531.075,00 денари, учество на општината 1.908.050,00 денари)

     

    На Кичево му е потребно зачувување на старото градско јадро, заживување на традицијата „корзо", како место каде што граѓаните ќе се собираат за да се дружат и да се рекреираат и место каде што ќе се одржуваат културни и забавни манифестации. Овој проект има за цел да се дефинира и да се создаде слободна пешачка зона и плоштад во Кичево, со што ќе се придонесе кон подобрување на состојбата во централното градско подрачје, но и ќе се зголемат можностите за зачувување на Китино кале, што ќе биде од големо значење за граѓаните на Кичево.

    Со реализацијата на проектните активности ќе се уреди површината меѓу храмот Св. Петар и Павле и зградата „Стара слобода", ќе се изгради канал за одводнување од атмосферските води, ќе се санираат улиците и тротоарите и ќе се постави улично осветлување. Просторот ќе биде збогатен со урбана опрема и ќе биде хортикултурно уреден.

     

    РЕНОВИРАЊЕ НА ФИСКУЛТУРНИОТ ДОМ - СОКОЛАНА

    Носител на проектот: Општина Кичево

    Буџет: 2.400.885,00 денари (1.805.535,00 донација од SDC, 595.350,00 учество на општината)

     

    Постојните спортски капацитети на Општина Кичево не ги задоволуваат потребите на населението - ниту во поглед на бројноста, ниту во поглед на квалитетот на понудените содржини. Целта на проектот е зголемување на спортските капацитети на Општина Кичево, преку ревитализација и реконструкција на фискултурниот дом Соколана, каде што ќе се организираат и ќе се одржуваат спортски средби и натпревари, со што ќе се придонесе кон поголемо меѓусебно разбирање на младите лица и надминување на социјалните и на етничките разлики меѓу нив, како и спротивставување на пороците на денешницата и создавање на здрави поколенија. Проектот е наменет не само за задоволување на потребите на петнаесетте спортски клубови и на петте културно-уметнички друштва, кои заедно имаат повеќе од 2.000 членови, туку корист од него ќе има целото население на Кичево.

    Проектот предвидува целосно реновирање на фискултурниот дом Соколана, преку санација на покривната конструкција и на покривот, обнова на фасадата и поставување нови влезни врати и скалила, санација на ѕидовите и на прозорците, поставување на нова подна конструкција, санација на тоалетите и на купатилата, поставување на ново осветлување и уредување на околниот простор.

    Препораки

    Граѓаните кои учествуваа на форумските сесии ги дадоа следниве препораки до Општина Кичево за подобрување на состојбата во општината:

    • Унапредување на комуналната инфраструктура во градот (дислокација на Градскиот пазар, асфалтирање на патиштата, обезбедување паркиралишта);
    • Унапредување и збогатување на спортските капацитети (изградба на игралишта, спортски терени, реновирање на трибината на игралиштето на ФК Влазними и др.);
    • Поддршка на НВО-секторот во Кичево (обезбедување простории, опрема и сл.), и
    • Унапредување на културните содржини во градот. 

    Оценки од евалуацијата во Кичево

    Присутни

    61

    100,00%

    Пополнети прашалници

    51

    83,60%

    Непополнети прашалници

    10

    16,40 %

     

    Пол Мажи

    35

    57,37%

    Жени

    14

    22,95 %

    Не се изјасниле

    2

    3,27 %

     

    Која е Вашата генерална оценка за програмата „Форуми во заедниците“? 1 (некорисна)

    1

    1,64%

    2

    0

    0 %

    3 (средно корисна)

    11

    21,56%

    4

    10

    19,60%

    5 (мошне корисна)

    29

    56,86%

     

     

    До кој степен беа остварени целите на програмата? 1 (не се остварија)

    2

    3,92%

    2

    2

    3,92%

    3

    12

    23,53%

    4

    16

    31,37%

    5 (комплетно се остварија)

    19

    37,26%

     

     

     

    Share
     

    Следете нé на

    FacebookTwitter

    Општински буџет за граѓаните

    оpstinski-budzet-1

    Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

    priracnik-11-cekori-MK

     

    Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

    Билтен | Септември 2016


    Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

    Билтен | Март 2016


    forumi-bilten-4-mk

    Билтен | Септември 2015


    bilten-septemvri-2015-mk-1

    Билтен | Февруари 2015


    Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
    мкдтур
    „Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom