Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
Ѓорче Петров Печати Е-пошта
Недела, 25 Ноември 2007 23:43
Општина Ѓорче Петров е формирана на 14 септември 1996 година со Законот за Градот Скопје, со кој се утврдуваат подрачјата во состав на градот (Сл.весник на РМ бр.49/96).

Територијата на Општина Ѓорче Петров се протега на северозападната страна на Скопје, од левата страна на реката Вардар. Во состав на подрачјето на Ѓорче Петров спаѓаат и руралните населени места и населби по сливот на реката Лепенец. Општина Ѓорче Петров е погранична општина, затоа што нејзината северна граница се протега по должината на границата со Сојузна Република Србија, односно со Косово. Ѓорче Петров е градска Општина во состав на градот Скопје, а нејзината територија се граничи со општините Карпош, Чучер-Сандево, Сарај и Кондово.
Покрај урбаниот дел, Општина Ѓорче Петров има и приградски или рурален дел во кој има шест населени места: Ново Село, Волково, Никиштане, Орман, Кучково и Грачани.
Според прелиминарните резултати од пописот во 2002 година, Општина Ѓорче Петров има 41.710 жители и 11.709 домаќинства. Споредено со пописот од 1994 година, бројките укажуваат на пораст од речиси 10% во поглед на бројноста на населението, за период од 8 години.
На подрачјето на Општина Ѓорче Петров се наоѓаат повеќе стопански субјекти, и тоа: „Купром", „Глобус", „Словин Југококта", Пекарница "Жито лукс" и други. На територијата на Општина Ѓорче Петров е лоциран и модерен затворен пазар на АД „Скопски пазар", како и неколку институции и објекти од областа на образованието - шест основни и едно средно училиште; здравството - модерна поликлиника, детски градинки, геријатриска установа, пензионерски дом; повеќе невладини организации, автосервиси, приватни амбуланти, угостителски објекти и друго.
Со Законот за Градот Скопје од 14 септември 1996 година (Службен весник на РМ бр.49/96), како и со Законот за територијалната поделба и определување на границите на единиците на локалната самоуправа (Службен весник на РМ бр.49.96), Општина Ѓорче Петров е дефинирана како една од десетте единици на локалната самоуправа во рамките на Град Скопје, со следниве граници.
Во согласност со член 4 став 7 од Законот за Град Скопје, "...границата на Општина Ѓорче Петров започнува од крстосницата на автопатот Скопје - Тетово (пред мостот на реката Вардар), и се движи низводно по реката Вардар до мостот на проектираната улица „Циборовски" (1249), свртува по улицата „Циборовски" до крстосницата со улицата „Ѓорче Петров", свртува на исток по улица „Пролетерска" (1462) до крстосницата со проектираната улица „Ацо Шопов" и по неа излегува на реката Лепенец, свртува спроти течението на реката Лепенец и продолжува по надворешните граници на катастарските општини КО Ново Село, КО Волково, КО Орман, КО Никиштани, КО Грачани, КО Кучково и КО Оризари до крстосницата на автопатот Скопје - Тетово (пред мостот на реката Вардар).

Од статистиката на програмата „Форуми во заедниците" – Општина Ѓорче Петров

Избрана тема: Урбан развој на општината

Избрани подрачја:

  • Комунална инфраструктура
  • Просторно планирање
  • Број на сесии: 6

    Просечен број учесници на работните маси: 59

  • Прва сесија – 59 граѓани (35 жени и 24 мажи)
  • Втора сесија – 56 граѓани (38 жени и 18 мажи)
  • Трета сесија – 49 граѓани (28 жени и 21 маж)
  • Четврта сесија – 61 граѓани (24 жени и 37 мажи)
  • Петта сесија – 64 граѓани (29 жени и 35 мажи)
  • Шеста сесија - 67 граѓани (36 жени и 31 маж)
  • Вкупен број работни маси: 10

  • Урбан сектор;
  • Спорт;
  • Бизнис;
  • Култура;
  • Здравство;
  • Образование;
  • Здруженија на граѓани;
  • Социјална заштита;
  • Општинска маса, и
  • Млади ентузијасти.
  • Избран проект

    „Парк - Доизградба на паркот во реонскиот центар"

    Носител на проектот: Општина Ѓорче Петров

    Вкупен буџет: 9.196.220 мкд (сопствено учество 2.030.604,00 денари и 6.897.165,00 побарано од SDC)

    Граѓаните на Општина Ѓорче Петров немаат на располагање простор каде што на едно место можат да се соберат сите генерации, односно простор што нуди можности за рекреација, културен и забавен живот. Целта на овој проект е да се уреди парк што ќе биде репрезентативна локација за граѓаните од оваа општина, која ќе ги задоволи нивните потреби за средби, прошетки и за рекреација. Паркот е осмислен така што ќе може да одговори на потребите на сите граѓани и да им служи на многу генерации. Паркот ќе ги понуди следниве содржини:

    • пешачки патеки;

    • фонтана;

    • 30 розети за дрвја;

    • простор уреден со павер-елементи, 14 катчиња за одмор со вкупно 50 клупи, 32 корпи за отпадоци, 2 паркиралишта за велосипеди;

    • осветлување со 42 канделабри;

    • детско игралиште поделено на две функционални целини – за деца до шест години и за деца над шест години;

    • зелена површина од 9.630 м², и

    • јавни тоалети.

    Со цел да се обезбеди одржување на паркот, ќе се обезбеди сопствен извор за вода што ќе се користи за наводнување на паркот, а ќе се формира и чуварска служба што ќе се грижи за одржување на паркот.

    Препораки до Општина Ѓорче Петров

    Граѓаните кои учествуваа на форумските сесии до Општина Ѓорче Петров ги дадоа следниве препораки за подобрување на состојбата во општината:

  • Унапредување и збогатување на културно-забавните содржини во општината (изградба на отворена бина, поддршка на КУД „Глигор Прличев", функционирање на Културниот дом, изградба на забавен парк и др.);

  • Подобрување на комуналната инфраструктура и на патната мрежа (изградба на надвозници и на подземни пешачки премини, обезбедување на сообраќајниците и на железничките премини, изградба на канализациона мрежа во с. Волково, гасификација, регулирање на јавниот сообраќај и др.), и

  • Обезбедување на спортски содржини (изградба на спортски игралишта, трим-патеки, пешачки патеки и патека за ролери).

  •  

    Оценки од евалуација

    Присутни 94

    100,00%

    Пополнети прашалници 48

    51,06%

     

    Непополнети прашалници 46 48,94%

     

    Пол Мажи 18 37,50%
    Жени 30 62,50%
    Не се изјасниле 0 00,00%

     

    Која е Вашата генерална оценка за програмата „Форуми во заедниците“? 1 (некорисна) 1 1,27%
    2 1 1,27%
    3 (средно корисна) 8 10,13%
    4 23 29,11%
    5 (мошне корисна) 46 58,23%

     

    До кој степен беа остварени целите на програмата? 1 (не се остварија) 0 0%
    2 0 0%
    3 8 16,67%
    4

    22

     

    45,83%
    5 (комплетно се остварија)

    18

     

    37,50%

     

     

    Share
     

    Следете нé на

    FacebookTwitter

    Општински буџет за граѓаните

    оpstinski-budzet-1

    Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

    priracnik-11-cekori-MK

     

    Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

    Билтен | Септември 2016


    Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

    Билтен | Март 2016


    forumi-bilten-4-mk

    Билтен | Септември 2015


    bilten-septemvri-2015-mk-1

    Билтен | Февруари 2015


    Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
    мкдтур
    „Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom