Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
ФИООМ Печати Е-пошта
Понеделник, 26 Ноември 2007 00:10
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) е основана во 1992 година, како претставништво на странско лице, а во 1999 година како национално правно лице – фондација, во согласност со Законот за здруженијата на граѓани и фондации.  ФИООМ е дел од Соросовата мрежа во Централна и во Источна Европа.

Мисијата на ФИООМ е внатрешна интеграција на Македонија, како предуслов за нејзина интеграција во Европската унија.

Посветена на промовирањето на отвореното општество, ФИООМ иницира поддршка и спроведува широк спектар програми. Фондацијата ги исполнува своите цели преку:
  • доделување грантови, заеми и други видови финансиска поддршка - еднократно или постојано - на физички и на правни лица кои спроведуваат активности во согласност со мисијата на ФИООМ.
  • имплементирање на операционални програми за промовирање на иновативни идеи и за развој и раст на физичките и на правните лица чиишто активности се во согласност со мисијата на ФИООМ, и
  • извршување на други хуманитарни и развојни активности за кои Основачот и Управниот одбор сметаат дека се соодветни за исполнување на мисијата на ФИООМ.
Програмата „Форуми во заедниците“ се спроведува во рамките на програмата „Граѓанско општество“ на ФИООМ. Програмата за граѓанско општество има цел да го поттикне развојот на отвореното општество и да развива граѓански вредности и принципи преку поддршка на невладините организации и на граѓанските иницијативи, како и преку застапување и лобирање за спроведување на демократската практика и на граѓанското учество во креирањето на јавната политика. Приоритети на програмата за граѓанско општество се:
  • градење на капацитетите на граѓанското општество за развивање на јавна политика, застапување и лобирање;
  • надгледување и/или олеснување на креирањето и спроведувањето на јавната политика;
  • развивање партнерства за развој на заедниците со НВО, јавните институции, локалните власти, медиумите и приватниот сектор;
  • рамноправно учество и пристап на малцинските и на маргинализираните групи во јавниот живот;
  • граѓанско учество и влијание врз процесите за пристап во ЕУ и во реформските процеси.

Контакт:
ФИООМ – Програма за граѓанско општество
Бул. „Јане Сандански“ бр. 111
1000 Скопје

Тел. ++ 389 -2-2403-010
Факс. ++ 389-2-403-009
Е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom