Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
SDC Печати Е-пошта
Понеделник, 26 Ноември 2007 00:13
Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) е агенција за меѓународна соработка во рамките на Федералниот оддел за надворешни работи на Швајцарија. Во соработка со другите соодветни федерални канцеларии, SDC е одговорна за целокупната координација на развојните активности и за соработка со Источна Европа, како и за хуманитарната помош.


Швајцарија ја поддржува Македонија од 1992 година - како преку билатералната соработка, така и преку придонесот во меѓународните програми. Од 1996 година Македонија е приоритетна земја во соработката на Швајцарија со земјите од Источна Европа и со сојузот на независните држави. SDC/seco програмата за соработка за 2005–2008 година обезбедува поддршка на активностите во областа на управувањето и промоцијата на демократијата, поддршка на развојот на инфраструктурите на општинско ниво, како и поддршка во обезбедувањето нови работни места и во промоцијата на бизнисот. Особено внимание се посветува на зачувувањето на етничкиот диверзитет и на промовирањето на добрите односи со соседските земји.

Развојна соработка: Приоритети
Програмата 2005-2008 се фокусира на три приоритетни подрачја:
  • Поддршка на воспоставувањето систем за управување заснован на демократски принципи: промовирање на дијалогот меѓу државата и граѓанското општество; придонес кон подоброто меѓусебно разбирање меѓу заедниците и превенција на конфликтите, како и развој на погодна средина за медиумите.
  • Поддршка на развојот на основните инфраструктури и пристап кон одржливите социјални служби на локално ниво: потенцирање на пристапот на членовите на ранливите групи во општеството; унапредување на инфраструктурите во водостопанството; промовирање на учеството на граѓаните во развојот на социјалните служби и основните инфраструктури на општинско ниво.
  • Поддршка на одржливиот економски развој: промовирање на отворањето нови работни места и востановување на бизнис-култура; поттикнување на трговијата и на инвестициите; промовирање на социјалниот дијалог и поттикнување на еколошки одржливи економски пристапи.
Следниве теми се појавуваат  во секоја од областите:
  • Родови прашања: унапредување на правичниот пристап на мажите и на жените до сите општествени, економски и политички сектори, преку проекти и програми.
  • Стабилизација преку регионална интеграција: одржување добри односи со соседните земји, како и одржување на етничкиот диверзитет.
Стратегијата на SDC и SECO за периодот 2009-2012 година е усогласена со стратешката ориентација на Македонија и со документите донесени за таа цел, и истата е изготвена на начин којшто овозможува насочување и консолидирање на швајцарската соработка во Македонија. Стратегијата се потпира на досега стекнатите искуства во дадените сектори во државата и го олеснува воспоставувањето и функционирањето на постојните мрежи. Севкупната цел е да се помогне транзицијата на Македонија и процесот на европски интеграции со давање придонес кон развој на следните области:
• Дополнително развивање на демократска држава при што Собранието ефективно изготвува закони и контролни политики, локалните власти да овозможуваат услуги за граѓаните согласни европските стандарди при што граѓанското општество овозможува јавни услуги и отчетност на приватниот сектор;
• Воспоставување на одржливо користење на природните ресурси т.е. полесна имплементација на интегриран систем за управување со водните ресурси како и долгорочна примена на политиките кон животната средина.
 
Тематското портфолио става акцент на две области (како и на соодветните подобласти):
1. Владеење на правото и демократијата, имплементирано од SDC, при што подобласти се олеснување на процесот на децентрализација, зајакнување на граѓанското општество и насочување на процесот на демократско изготвување на законите.
2. Вода и животна средина, имплементирано од SECO и SDC, при што подобласти се управување со води и со отпадни води како и заштита на биолошката разновидност.
Регионалната соработка е суштински елемент на Стратегијата за соработка од аспект на решавање на проблеми специфични за регионот, преку соработка помеѓу државите, подобрување на односите и зајакнување на меѓусебната доверба.
Освен тоа, како теми кои се испреплетуваат за сите проекти и програми се избрани родовите и доброто владеење. Со цел да се зголеми ефикасноста на помошта која се дава, Стратегијата се придржува до принципите на интервенирање т.е. прилагодување на принципите од Париската декларација да одговараат на спецификите на државата.
 
SDC најмногу соработува со следниве партнери:
  • Меѓународните НВО кои имаат свои канцеларии во Македонија;
  • Швајцарските агенции во Македонија;
  • Локалните НВО;
  • Малите и средните претпријатија;
  • Владините тела, и
  • Општинските и локалните власти.

Контакт:
Швајцарска агенција за развој и соработка
ул. „Максим Горки“ бр.  19
MK-1000 Скопје

Телефон: ++389 2 310 33 40
Факс: ++389 2 310 33 41

Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom