Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
Завршна Конференција на програмата „Форуми во заедницата“ Печати Е-пошта
Среда, 15 Март 2017 16:14
IMG 3507-WEBЗавршна Конференција на програмата „Форуми во заедницата“ се одржа на 10 март 2017 година во Скопје со што се означија 10 години спроведување на Програмата во Република Македонија. Конференцијата ги презентираше севкупните програмски резултати во периодот 2006 – 2016 година во присуство на околу 200 соработници, градоначалници, претставници на општински администрации, на меѓународни организации, на дипломатскиот кор,  и други.
Главни говорници на настанот беа амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија Н.Е. Сибил Зутер Техада, министерката за локална самоуправа Ширет Елези, претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) Коце Трајановски, како и други учесници и соработници во Програмата.
Настанот ја одбележа 10-годишнината на Програмата со презентација на конкретните резултати и акценти на нејзината одржливост во иднина, а во соработка со стратешкиот партнер Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).
Програмата, од 2006 година до денес, се спроведе во околу две третини од општините во Република Македонија (59 општини), во некои општини и повеќе пати,  во кои беа одржани 111 форумски процеси и спроведени 106 проекти утврдени како приоритети од граѓаните што ги финансираше SDC со ко-финансирање од општините. 
Речиси 60 општини ги изменија своите статути вклучувајќи го форумот како форма на донесување одлуки заедно со граѓаните.
 
Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom