Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
Општина Виница одржа информативна форумска сесија Печати Е-пошта
Среда, 12 Април 2017 10:22

Vinica 1- WebОпштина Виница, на информативната форумска сесија што се одржа на 11 април, ги презентираше резултатите од првата фаза на реализацијата на проектот кој беше одбран од граѓаните на 5та форумска сесија од проектниот форум во 2013 година.

По застој во реализацијата на проектот, од технички причини, првата фаза на реализацијата на доградбата и реконструкцијата на градинката „Гоце Делчев“ е завршен и според градоначалникот Емил Дончев, веќе се започнува со втората фаза.

На форумската сесија присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија НЕ Сибил Зутер Техада која притоа истакна: „И честитам на општината, на градоначалникот, општинскиот совет и особено на вас, граѓаните на Виница, за вашето трпение да го дочекате завршувањето на проектот. Виница е една од општините која го има вклучено форумот во заедницата во Статутот на општината и за нас тоа е важна индикација дека граѓаните и локалните власти редовно ќе дискутираат нза општинскиот буџет како и за другите прашања од интерес за секојдневниот живот.“

На форумот, во присуство на околу 80 учесници, беше даден отчет и за реализацијата на останатите проекти и препораките кои беа дадени на форумот, од страна на граѓаните, жители на Виница.

 

Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom